Дали некогаш сте помислиле каков е вашиот вокабулар? Сигурно знаете дека зборовите што ги употребувате имаат големо влијание на тоа како изгледате во очите на другите луѓе. Па доколку сакате да звучите попаметно, обидете се да ги избегнувате овие 7 зборови.rnrn
rn
1. Онака
rnОва е зборот од којшто треба да се ослободите најпрво. Обидете се да изброите колку пати го употребувате во еден разговор и ќе се изненадите. Внимателно одбирајте ги вашите зборови кога разговарате и со текот на времето ќе го исфрлите „онака“ од вашиот речник.rn
2. Буквално
rnКога нешто навистина се случило, нема потреба да го нагласите со „буквално“. Многу луѓе го употребуваат овој збор мислејќи дека ќе делуваат попаметно, но неговото постојано користење воопшто не звучи добро.rn
3. Апсолутно
rnВо поголемиот број реченици, употребата на овој збор е непотребна. Нешто може да биде или важно или неважно. Ако кажете апсолутно, не значи дека нештото ќе стане поважно.rn
4. Стварно
rnАко сакате да нагласите нешто, одберете некој друг збор. „Стварно“ се користи пречесто и многу пати непотребно.rn
5. Неверојатно
rnОваа придавка се користи за работи кои наводно нè зачудуваат, восхитуваат и загрижуваат. Сепак, кога го користите премногу изгледа како вам сè да ви станало неверојатно.rn
6. Искрено
rnЗарем кажувате лаги ако не го завршите или започнете говорот со „искрено“?rn
7. Само
rnОвој збор често се употребува надвор од неговиот контекст колку да ја „дополни“ реченицата. Но всушност со овој збор реченицата станува послаба.rnrnПогледнете ги и зборовите кои ќе направат да звучите попаметно на работното место.
