КАФЕ ПАУЗА

11 работи кои луѓето не сфаќаат дека ги правите затоа што имате проблеми со довербата

Written by

in

,

Повредите и тешките ситуации од минатото понекогаш може да остават траен белег врз една личност. Покрај другото, тие може да влијаат и на довербата. Оние кои претходно се соочиле со разочарувања и тешкотии, во иднина не умеат лесно да се опуштат и да им веруваат на другите. Се пронајдовте во овој опис? Во продолжение прочитајте како тоа влијае на вашиот живот.rnrn11 работи кои луѓето не сфаќаат дека ги правите затоа што имате проблеми со довербатаrn

1. Потребно ви е повеќе време за да почнете некому да му верувате

rnОва нема многу врска со другите луѓе, туку повеќе со вас и вашето минато. Вие имате доживеано повеќе разочарувања и затоа секогаш кога повторно ќе запознаете нова личност, не можете веднаш да ѝ верувате. Потребно е самите да формирате свое мислење и да ги видите работите со свои очи, затоа што не сакате да превземате ризици.rn

2. Непријатно ви е да споделувате некои работи за себе

rnВие го чувате заклучено вашето срце и ја заштитувате секоја информација која ја сметате за премногу лична. Вие подобро би зборувале со новите пријатели или партнери за нив, отколку за себе.rn

3. Избегнувате посветеност

rnНе дека не сакате да бидете посветени, туку знаете дека со тоа доаѓаат уште многу чувства за кои вие не сте подготвени. Ако се посветите некому, тоа значи дека таа личност би можела да ве изневери, а тоа е застрашувачко за вас.rn

4. Барате причини поради кои вашата врска не би можела да успее

rnБидејќи ако сепак се приближи крајот, вие нема да бидете изненадени…rn

5. Љубовните состаноци ве прават нервозни

rnДа започнете од почеток во светот на љубовните состаноци е исклучително застрашувачко за вас. Вие гледате како вашите пријатели со леснотија го прават тоа, но вам едноставно не ви доаѓа природно и сè што сакате да направите е да си останете во вашата мирна и удобна безбедна зона.rn

6. Тешко ви е да им простите на другите

rnИако вие сакате да бидете подобри во овој аспект и да продолжите понатаму, сепак, вам тоа не ви е воопшто лесно. Понекогаш посакувате да бидете како другите и љубоморни сте им на оние кои лесно може да заборават и да простат. Но, ако вам ве повреди некој, вие претпоставувате дека таа личност ќе продолжи и понатаму да го прави тоа, дури и да не сте во право.rnrn11 работи кои луѓето не сфаќаат дека ги правите затоа што имате проблеми со довербатаrn

7. Ги држите саканите на поголемо растојание од вас

rnНе го правите ова секогаш намерно, туку потсвесно. Вие градите ѕид помеѓу вас и другите луѓе.rn

8. Постојано ги замислувате најлошите сценарија

rnОва е вашиот најголем извор на грижи. Дури и кога работите се одвиваат добро, вие помислувате на тоа што може да тргне наопаку. Тоа ве исцрпува, но не можете да се оттргнете од оваа навика.rn

9. Ги обвинувате луѓето без да имате многу докази

rnВие имате навика да ги обвинувате другите, дури и да немате веродостоен доказ за тоа. На пример, секогаш мислите дека некоја личност која е во ваше опкружување сака да ве измами и да ве повреди, иако немате очигледна причина за тоа. Ова го правите затоа што сте несигурни.rn

10. Жестоко ги заштитувате вашите пријатели

rnКога ќе ви претстават некоја нова личност во друштвото, вие веднаш станувате вознемирени и сакате да се осигурите дека таа личност е сигурна. Вам никој не може лесно да ве импресионира и потребно ви е повеќе време за да добиете доверба. Тоа е затоа што се грижите за вашите сакани и никогаш не сакате да ги видите повредени на начинот на кој сте биле вие. По природа сте заштитници.rn

11. Не одите на состаноци

rnАко можете, вие целосно ги избегнувате состанувањата, затоа што понекогаш сметате дека подобро е да го направите тоа, отколку да објаснувате дека имате проблем со довербата во другите луѓе.rnrnПогледнете ги и овие 5 знаци кои покажуваат дека имате проблем со довербата во врската.