КАФЕ ПАУЗА

10 трикови за фотографирање поинтересни портрети

10 Трикови за фотографирање на поинтересни портрети

Written by

in

Со прецизно следење на правилата за фотографирање ќе добиете фотки за паметење, но неретко и едноставни портрети на кои личноста „стои“ на средината од фотографијата со својата омилена „фаца за сликање“. Искористете ги следните трикови за да ја избегнете здодевноста која ја носат таквите фотографии. Ќе бидете воодушевени од резултатите.rn

Играјте си со контактот со очите

rnКога личноста која ја фотографирате гледа право во објективот тоа создава врска помеѓу неа и гледачот, но постојат неколку трикови кои можат да додадат уште повеќе магија во тоа. Поглед вон објективот кон нешто кое не се гледа на сликата додава мистерија и спонтаност, а ако личноста изразува одредена емоција резултатот е уште подобар. Исто така, можете да се обидете со поглед кон некој друг објект на сликата. На пример, мајка која гледа кон своето дете или дете кое гледа кон топка овозможува создавање на приказна која фотографијата ја носи со себе.rnrn10 трикови за фотографирање поинтересни портретиrn

Прекршете ги правилата на композиција

rnКорисно е да се знаат основните правила на фотографирањето, но најдобрите фотографи велат дека најбитно правило е тие да се прекршат кога ја доведуваат креативноста во прашање. Правилото на третини ќе ве натера да ја сместите личноста на сред слика, што може да резултира со одлична фотографија, но ако понекогаш го преместите објектот кон една од страните можете да добиете нешто поинакво и многу поинтересно.rnrn10 трикови за фотографирање поинтересни портретиrn

Експериментирајте со позадините

rnРазлична позадина на различен начин ја истакнува личноста на фотографијата. Експериментирајте со бројни позадини во потрага по резултатот кој го посакувате.rnrn10 трикови за фотографирање поинтересни портретиrn

Правете спонтани портрети

rnКога една личност ќе се намести како што ѝ одговара со извежбан израз на лицето се добива просечен портрет. Но, кога истата таа личност се однесува спонтано на лицето и излегуваат емоции кои даваат интересни фотографии. На пример, сликање додека прави нешто во што ужива. Затоа често портретите на деца се многу убави и полни со живот.rnrn10 трикови за фотографирање поинтересни портретиrn

Фотографирајте во „златниот час“

rn„Златен час“ се нарекува периодот од денот во кој сонцето изгрева или заоѓа оставајќи златни отпечатоци на околината. Со тоа портретот ќе добие извонредна топлина и мистичност.rnrn10 трикови за фотографирање поинтересни портретиrn

Фокусирајте се само на еден дел од телото

rnПортретирање одблиску на очите, устата, рацете, или долниот дел од телото оставаат нешто на имагинацијата на гледачот и оставаат силен впечаток. Понекогаш, она што се гледа на сликата може да каже многу за она што е изоставено.rnrnДобра идеја е и да покриете еден дел од телото со што ќе истакнете друг. Со тоа оставате малку на имагинацијата на гледачот, но ќе му го насочите погледот кон оној дел кој сакате да го истакнете.rnrn10 трикови за фотографирање поинтересни портрети10 трикови за фотографирање поинтересни портретиrn

Направете повеќе фотографии одеднаш

rnЗадолжително експериментирајте со опциите burst и continuous shooting. Направете цела серија фотографии со само едно притискање на копчето за фотографирање. Така ќе успеете да „фатите“ емоција или израз на лицето на вашиот субјект кој инаку не би успеале да го добиете доколку внимателно ви позира. Ова е особено корисно при фотографирање деца.rnrn10 трикови за фотографирање поинтересни портретиrn

Врамете го субјектот

rnУпотребете ја целата своја креативност за да ја ставите личноста која ја портретирате во одредена рамка која вниманието на гледачот ќе го привлече кон неа. Ако вашиот субјект гледа низ прозорец, погледот на гледачот ќе се насочи кон прозорецот и кон содржината која е во него.rnrn10 трикови за фотографирање поинтересни портретиrn

Држете го фотоапаратот под искривен агол

rnАко ви здодеале правилно направените портрети, пробајте го овој трик. Накривениот агол на вашите фотографии ќе им даде необичност, ќе ги исполни со енергија и ќе ги направи позабавни.rnrn10 трикови за фотографирање поинтересни портретиrn

Побегнете од фокусот

rnДоколку вашиот фотоапарат ви нуди можност за рачно подесување на фокусот, пробајте да направите портрет без да се фокусирате на личноста. Оставете ја целата фотографија без фокус или насочете го кон некој помалку важен објект. Ќе бидете изненадени од мистериозноста на вашето дело.rnrn10 трикови за фотографирање поинтересни портретиrnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.