rn
Вага
rnВи претстои прекрасна недела! Енергијата која ќе настане со спојот на Марс и Венера ќе ви помогне во кој било аспект од животот. Покрај тоа, полната Месечина ќе придонесе за финализирање на важен работен проект, или пак за добивање нови работни задачи кои можат да ви бидат „карта“ за унапредување.rnrn
rn
Скорпија
rnНова недела, нови можности! Ве очекуваат промени кои ќе придонесат за вашиот личен и професионален развој. Со влегувањето на Сонцето во знакот Риби пак, ќе им се препуштите на забавата и креативноста, при што ќе сфатите дека тие ви се неопходни кога станува збор за вашата продуктивност.rn
Стрелец
rnСпоред астролозите, можни се добри вести во поглед на домот, семејството или патувањето за кое одамна сонувавте. Покрај тоа, полната Месечина оваа недела ќе ги тестира вашето трпение, но и вербата во животот. Тоа ќе ве поттикне конечно да започнете да работите на своите планови што ќе придонесе да заблескате за краток период!rn
Јарец
rnСпојот на Венера и Марс ќе го направи вашиот љубовен живот уште позабавен и повозбудлив. Со влегувањето на Сонцето во Риби пак, ќе настапи период во кој ќе ги интензивирате односите со вашите деловни партнери што ќе придонесе за унапредување на вашата кариера, но и зацврстување на вашата финансиска состојба.rn
Водолија
rnВе очекуваат добри вести во поглед на проширување на кругот на познанства што поволно ќе влијае врз вашиот професионален развој. Од друга страна, ќе морате да направите некакви промени со цел да задоволите нечии потреби. Влегувањето на Сонцето во Риби ќе придонесе за зголемување на вашата самодоверба.rn
Риби
rnОваа недела е одличен момент за вмрежување и ширење на кругот на деловни познанства. Ќе бидете опкружени со луѓе кои ќе ви ја пружат сета потребна помош, без разлика за што и да станува збор. Не занемарувајте ги знаците, идеите и пораките на кои ќе наидете затоа што сите тие имаат посебно значење.rnrnОткако го прочитавте неделниот хороскоп од 14 до 20 февруари, можеби ќе сакате да го прочитате и месечниот љубовен хороскоп за февруари 2022 година.rnrnИзвор: myimperfectlife.com
