КАФЕ ПАУЗА

Месечен љубовен хороскоп за февруари 2022 година

Месечен љубовен хороскоп за февруари 2022 година

Прочитајте како ќе ви бидат ѕвездите наклонети во февруари од аспект на љубовта и романтичните врски.rnrnМесечен љубовен хороскоп за февруари 2022 годинаrn

Овен

rnВо февруари ќе се појави личност која ќе придонесе за вашата самодоверба и ќе открие дел од вашите таленти. На почетокот врската ќе биде пријателска и ќе помине многу време пред да сфатите дека имате чувства еден за друг. Доколку веќе имате сродна душа, меѓусебното незадоволство може да доведе до отуѓување на еден од друг, но разговорот може да ви помогне да ги надминете проблемите.rn

Бик

rnОние од вас кои се слободни, најверојатно во февруари ќе бидат скептични кон сите припадници на спротивниот пол бидејќи честопати ќе се сеќавате на минатите љубовни неуспеси. Ако веќе сте во врска, тогаш таа ќе стане посилна бидејќи во периодот што следува подобро ќе ги разберете постапките на партнерот.rn

Близнаци

rnПостои голема веројатност дека во февруари ќе ги продлабочите односите со нова личност. На почетокот ќе изгледа како да се забавувате и дека сакате да ги скриете вашите вистински мисли. Но, подоцна ќе започне вистинска романса. Доколку сте во врска, обидете се да ги решите сите конфликти и да се фокусирате на сегашноста.rn

Рак

rnВо февруари ќе се обидете да изградите врска со некого кого воопшто не сте го гледале како љубовен партнер. Иако не ја разбирате оваа личност докрај, сепак меѓу вас ќе се појават силни емоции. Ако веќе сте во врска, имајте предвид дека комуникацијата е клучна кога станува за решавање на проблемите и конфликтите.rn

Лав

rnЛавовите ги очекува турбулентна љубов во февруари. Можно е вашите чувства да се засноваат на долгогодишна приврзаност кон другата личност, а токму вие ќе бидете пример за тоа дека вистинската љубов може да се роди од пријателство. Доколку веќе сте во врска, одбегнувајте расправии за ситници.rn

Девица

rnВо февруари ќе бидете импресионирани од некого кој постојано ги прекршува правилата, па така шармот на оваа личност за кратко време ќе ве заведе. Но, не заборавајте дека не вреди да се откажувате од она што го цените поради нечиј шарм – тој брзо ќе исчезне. Доколку сте во врска, можете да постигнете нови заеднички цели само доколку се охрабрувате еден со друг.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn