Празниците се ближат, а вие сѐ уште не знаете како ќе го искористите слободното време. Сите околу вас планираат патувања на интересни места, а вие немате никаква идеја. Не очајувајте, бидејќи вашиот хороскопски знак може да ви помогне. Ѕвездите ќе ви откријат што ви треба овој период и каде би требало да отпатувате…rnrn
rn
Водени знаци: Рак, Скорпија, Риби
rnСо оглед на тоа што водените знаци се многу интуитивни, чувствителни, интензивни и грижливи, семејниот одмор или бегството со блиските пријатели ќе биде идеалниот одмор за нив.rnrnСкорпиите сакаат да се опуштат, Рибите претпочитаат волшебни дестинации, а Ракот едноставно сака да се релаксира и да му се препушти на задоволството. Се препорачуваат патувања во Париз, Венеција, Прага или некој друг град подеднакво шармантен и полн со случувања. Водните знаци ќе уживаат во убаво средените апартмани, локалната кујна, најдобрите вина и музиката.rn
Огнени знаци: Овен, Лав, Стрелец
rnОвие знаци се полни со енергија! Тие се силни, гласни и позитивни. Активностите како излежување на сонце и дегустирање вина и специјалитети нема да им одговараат на нивниот темпераментен карактер.rnrnЗа да се одморат, на огнените знаци им треба авантура, акција и предизвик, нешто што ќе им го привлече вниманието и ќе им помогне да заборават на нивните секојдневни грижи. Идеалното патување за овие знаци вклучува квалитетна забава, одмор од градот на интересни места или спортски активности, како што се скијање или пливање.rn
Земјени знаци: Бик, Девица, Јарец
rnЗемјените знаци се практични, организирани, способни, амбициозни и љубопитни. Биковите и Јарците сакаат да си угодуваат, а Девиците прават детален распоред на сите настани и можности за време на патувањето, за да бидат сигурни дека секоја минута ќе ја искористат максимално.rnrnОвие знаци уживаат во храна и пијалаци, сакаат да пробуваат нови вкусови, да уживаат во вински тури и излети. Накратко, ним им треба патување што ќе вклучува излети, разни случувања и нови можности.rn
Воздушни знаци: Близнаци, Вага, Водолија
rnВоздушните знаци се големи авантуристи. Тие се дружељубиви, независни и слободоумни. Близнаците сакаат предизвици, Вагите копнеат по разновидност, а на Водолиите најважна им е нивната независност.rnrnПоради тоа, возбудливиот одмор во ски центар и зимското патување полно со активности и настани на кои ќе запознаваат нови луѓе, ќе ги наполнат батериите на овие знаци.rnrnВо продолжение, прочитајте што треба да направи секој хороскопски знак за да постигне успех во 2018 година.