Знаеме дека хороскопот има доста значајна улога во нашиот живот. Најнапред, тој ни служи за забава и релаксација, но и покрај тоа, според него можеме да откриеме доста интересни работи за нашата личност и карактер. Но, дали сте се запрашале како би требало да изгледа вашиот идеален одмор според вашиот хороскопски знак? Доколку станавте љубопитни, сега е време да дознаете.rnrn
rn
1. Огнени знаци
rnОгнените знаци сакаат активно летување. Тие се секогаш во движење и никогаш не се смируваат. На нив не им е потребен одмор во класична смисла на зборот, туку адреналин и авантура.rnrnОвенот е желен за адреналин и никогаш нема да му биде доста од физички активности. Тој својот одмор ќе го помине во спортски дух – ќе плива, ќе нурка, ќе скока во вода, ќе трча, ќе вози глисер или скутер. Во план може да дојдат и сите спортови на плажа, како што е на пример, одбојката.rnrnЛавовите сакаат луксузни дестинации и многу внимаваат на својот изглед, па за патувањето ќе започнат да се спремаат барем неколку недели однапред. Тие ќе ги посетат сите продавници и попусти и ќе ги купат најновите и најмодерни парчиња облека и костими за капење.rnrnСтрелците обожаваат патувања, авантури и големо друштво. Дури и на плажата ќе започнат да разговараат и да запознаваат нови луѓе.rnrn
rn
2. Воздушни знаци
rnВоздушните знаци обожаваат друштво, исто како и Стрелците, со тоа што тие се и главни на социјалните мрежи, па ќе се фотографираат до изнемоштеност и сите фотографии од летувањето мора да се најдат на нивните социјални профили.rnrnЗа Близнаците е важно големо друштво. И да се фотографираат и што побрзо да ги објават тие слики на својот профил. Исто така, важни им е дневната дискотека на плажа, забавите со пена и гласно пуштената музика.rnrnВагата го спремила својот најубав костим за капење, купила нови летни парчиња облека и се спремила за лежење и уживање на сонцето, на некоја кул дестинација. И да, се спремила за фотографирање. Летувањето на Вагата не може да помине без милион, мали селфи фотографии.rnrnНа Водолиите не им е важно фотографирањето, туку тие ја сакаат авантурата и да го истражуваат местото на кое што летуваат. Со сигурност тоа ќе бидат оригинални дестинации.rnrn
rn
3. Земјени знаци
rnОваа дружина и нема толку многу заедничко, иако имаат ист елемент – земја. Биковите, на пример ќе уживаат во храната, додека пак Девицата е вистински аскет.rnrnБиковите се хедонисти и на нив им е важно на одморот добро да јадат, да уживаат во храната и со часови да се изложуваат на ладовина, на некоја удобна лежалка.rnrnНа Девиците им е важна уредноста и чистотата на плажата. Исто така, тие можат да работат и на одморот. Важно им е на плажата, во кафулето да има интернет, па ќе го понесат својот лаптоп и ќе ги завршат работите.rnrnЈарецот паѓа во несвест при самата помисла на патување. А кога веќе ќе тргне, сака тивки и мирни плажи, бидејќи од летувањето му е потребно опуштање. Во потрага е по дестинации кои имаат историја.rnrn
rn
4. Водни знаци
rnПомеѓу водната екипа на хороскопски знаци, Рибите, Раковите и Скорпиите, ќе ги пронајдете оние кои сакаат да се осамат и за кои летувањето е навистина одмор, во вистинска смисла на зборот.rnrnРаковите сакаат романтичност. Потполно ќе се забават и ќе се препуштат на мрзливоста на плажа.rnrnСкорпиите сакаат неистражени, атрактивни и опасни дестинации. Тие ќе уживаат во пливањето, а на копното ќе се сокриваат зад своите темни очила за сонце.rnrnРибите ја сакаат плажата – нечепната природа и не сакаат претерано да се изложуваат на сонце. Тие ќе бидат под својот омилен сламен шешир, во ладовина, со глава нурната во својата омилена љубовна книга, сонувајќи дека токму сега ќе се појави нивниот принц.rnrn