КАФЕ ПАУЗА

На кој знак најмногу му завидуваат: Стрелецот на Бикот заради убавината, Лавот на Јарецот заради успехот

На кој знак најмногу му завидуваат: Стрелецот на Бикот заради убавината, Лавот на Јарецот заради успехот

Рибите ги иритира харизматичниот Лав затоа што е самосвесен, па му завидуваат за неговиот успех и гламурот кој го придружува каде и да оди. Ракот тајно им завидува на многумина, иако малкумина се оние кои се ситуирале подобро од него или избрале поуспешен партнер.rnrnНа кој знак најмногу му завидуваат: Стрелецот на Бикот заради убавината, Лавот на Јарецот заради успехотrnrnОткријте и вие заради што би можеле да им завидувате на другите, според вашиот хороскопски знак.rn

Овен

rnЗатоа што сте посесивни, љубоморни и нетрпеливи, вие најмногу ѝ завидувате на Девицата заради нејзината трпеливост и вроденото совршенство.rnrnНо, во центарот на вашата отворена завист може да се најде и Јарецот, кој е подготвен да работи и вон границите на неговата издржливост, за да постигне професионален успех и социјално признавање, а и љубоморите и моќната Скорпија заради нејзината сигурност и доминација.rn

Бик

rnУспешни сте кога ја работите работата што ја сакате, „но тревата е позелена од другата страна на оградата“, па ѝ завидувате на Вагата заради популарноста, социјалните познанства и можностите што ѝ се укажуваат во врска со запознавањето странски контакти и патувањата.rnrnКон Стрелецот покажувате нетрпеливост затоа што успева да заработи пари на полесен начин и затоа што често патува.rn

Близнаци

rnИако сте прилагодливи и снаодливи, ѝ завидувате на интуитивната Скорпија заради нејзината мистериозност и мудрост, така што, таа може да ве „чита како отворен буквар“. Додека вие едвај чекате да научите нешто од неа, таа ве држи во неизвесност.rnrnНа авторитетниот Јарец вие му завидувате на успехот и парите што може да ги заработи, затоа што е упорен и конзистентен, а тоа се особини што вие генерално не ги поседувате.rn

Рак

rnИако генерално сте добро ситуирани, многумина од вас се тајно завидливи, иако малкумина поминале подобро од вас или избрале поуспешен партнер, особено ако сте жена.rnrnВие сте му љубоморни на авантуристичкиот Стрелец за дружељубивоста и способноста спонтано и отворено да ги искаже чувствата, а на комуникативната Водолија ѝ завидувате за социјалните контакти и леснотија со која ги воспоставува.rn

Лав

rnВие ги почитувате оние кои ви се надредени во професијата, но љубомората, посесивноста и материјалистичкиот став управуваат со вас, па чувствувате завист кон вредниот Јарец, заради неговата амбициозност и упорност да успеете во сè што прави.rnrnВие сте иритирани од способноста на меланхоличните Риби да ги искажат своите емоции на романтичен начин, бидејќи вам тоа не ви успева.rn

Девица

rnИако сте елоквентни и интелигентни, тешко ви оди ширењето познанства, а најчесто ѝ завидувате на шармантната Водолија заради популарноста и статусот во општеството, поради што таа е претежно посакуван и сегде поканет гостин.rnrnМоже, исто така, да почувствувате завист и кон Овенот, заради неговата вродена дрскост и леснотија со која воспоставува контакти, но и заради неговата упорност и конкурентскиот дух, особено во спортските активности.rn

Вага

rnВие сте омилени сегде и познавате многу влијателни луѓе, но му се восхитувате и му завидувате заради упорноста на тврдоглавиот Бик кој секогаш успева да дојде до материјална корист од која било работа.rnrnНа флексибилните Риби можете да им завидувате заради нивната способност лесно, без срам и скандалозност, да се справат со секоја непријатна ситуација на работа.rn

Скорпија

rnВие сте моќни и креативни, па малкумина може да ве надминат кога сте фокусирани на целта. Но, веројатно чувствувате завист кон Овенот заради неговата виталност и динамика.rnrnМоже да му завидувате и на непостојаните Близнаци заради површноста, затоа што најмногу ве преокупира сопствената систематска посветеност на сè што правите и длабочината на вашите чувства.rn

Стрелец

rnИако се сметате за еден од најсреќните знаци, можеби му завидувате на Бикот заради неговата убавина и физички изглед, како и заради неговиот деловен и материјален статус.rnrnМоже да му завидувате и на Ракот затоа што има мирен, добро организиран семеен живот и семејно опкружување што вам ви изгледа толку неостварливо поради вашиот деловен хаос.rn

Јарец

rnЈа сакате правдата и сте строги, затоа им завидувате на оние кои „не мрдаат со прст“, а имаат многу повеќе отколку што заслужуваат. Вие сте преосетливи и им завидувате на непостојаните Близнаци, заради нивната површност и начинот на кој тие лесно ги забораваат или ги надминуваат лошите нешта што им се случуваат во животот.rnrnМу завидете и на огнениот Лав заради начинот на кој ја покажува својата страст, бидејќи вие не умеете да се прикажете во такво светло.rn

Водолија

rnНе сте толку завидливи кога некој е поуспешен или побогат од вас, колку што станувате свесни за вашата непостојаност, со која не можете да се справите. Затоа, му завидувате на семејниот живот на Ракот во кој тој навистина ужива.rnrnИ покрај тоа што чувствувате, никогаш нема отворено да ја искажете зависта кон Девицата заради нејзината смелост да донесе смели одлуки и да истрае во сè.rn

Риби

rnИако сте прилагодливи и можете да излезете од „калта“ во која сте влегле, вие сте малку несигурни во себе и може да ѝ завидувате на шармантната Вага поради нејзината популарност и привлечниот изглед.rnrnХаризматичниот Лав ве нервира затоа што е самосвесен, а му завидувате и заради успехот и гламурот што го придружува каде и да оди.rnrnМожеби сакате да откриете и за што секој хороскопски знак не треба да размислува за време на празниците?