Еве што ни предвидуваат астролозите за јули во поглед на љубовта!rnrn
rn
Овен
rnОвој месец ќе имате можност да поминете повеќе време со партнерот, па затоа обидете се максимално да уживате во сите заеднички моменти. Доколку не сте во врска, ѕвездите нема да ви бидат наклонети во поглед на љубовта. Сепак, не грижете се бидејќи ќе ви треба повеќе време за да сфатите што е тоа го посакувате во животот. Освен тоа, посветете си повеќе време за себеси и не обидувајте се да ги менувате луѓето околу вас.rn
Бик
rnПокажете му на партнерот колку многу ви значи преку романтични гестови. Запомнете дека никогаш не треба да ја запоставувате романтиката. Освен тоа, внимавајте и на изборот на зборови за да не го повредите партнерот. Тоа ќе ви помогне и да станете повешти при пренесувањето на вашите идеи. Меѓу другото, Венера од 18 до 27 јули ќе ве зближи уште повеќе со саканата личност.rn
Близнаци
rnВенера ќе ви помогне да ги исполните вашите желби и аспирации. Благодарение на нејзината енергија ќе можете да ги смирите недоразбирањата во врската, но не дозволувајте проблемите на работа да ви се мешаат во приватниот живот. Комуникацијата е еден од клучните елементи во врската, па затоа научете како да комуницирате со партнерот во однос на вашите чувства и емоции.rn
Рак
rnИ покрај тоа што ќе бидете полни со идеи и планови, сепак јули нема да биде поволен период за вашата врска. Фактот дека не се согласувате со партнерот за многу прашања ќе ви создава проблеми. Затоа, астролозите ви препорачуваат да се потрудите и да најдете компромис за да ги решите недоразбирањата. Освен тоа, тие ви препорачуваат да истражете и нови идеи кога станува збор за уживање во интимноста со вашиот партнер.rn
Лав
rnОвој месец им претстои ризик од раскинување на врските во кои подолго време нема интимност. Можеби сè уште го сакате партнерот, но не ја добивате истата љубов за возврат. Сепак, ова ќе биде поволен период за оние парови кои сакаат да ја зајакнат романтиката и страста под влијанието на Венера од 9 до 18 јули.rn
Девица
rnОвој месец вие и вашиот партнер ќе имате можност да отидете на одмор и да уживате во меѓусебното друштво. Искористете го ова време за подобро да се разберете еден со друг. Освен тоа, романтичните гестови ќе ви помогнат да сфатите што сакате. Доколку не сте во врска, бидете трпеливи и покажете разбирање кон другите – на тој начин ќе ја пронајдете вистинската љубов.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn