КАФЕ ПАУЗА

Хороскопскиот знак ви открива која навика треба да ја исфрлите во 2017-та година

Навиките знаат да бидат доста неубави работи! Еве која навика ви задава главоболка, судејќи по вашиот хороскопски знак. Можеби сега ќе успеете да ја исфрлите, бидејќи нова година – нови вие!rnrn1-koja-navika-treba-da-ja-isfrlite-vo-2017-ta-godina-sudejkji-po-vashiot-horoskopski-znak-www.kafepauza.mk)rn

Овен

rnНавикнати сте да реагирате импулсивно и непромислено. Честопати делувате како вистинска атомска бомба! Вдишете длабоко, размислите, па тогаш кажете или направете нешто.rn

Бик

rnВашата навика е од материјална природа. Толку уживате во богатството и изобилството, што заборавате на реалниот свет околу вас. Оставете го тоа и излезете да се дружите со луѓето. Тоа ќе ве усреќи.rn

Близнаци

rnОдложувате и никогаш не го завршувате она што сте го започнале. Лесно е да го попречат вашето внимание и тешко се фокусирате. Ако така ви е полесно, тогаш запишете ги вашите обврски, направите листа на приоритети и завршете го она што сте го започнале.rn

Рак

rnШтом ќе се врзете за некого, вие умеете да претерате и да бидете помалку напорни и наметливи. Опуштете се. Никој нема да ве изневери и никој нема да ве отфрли, а не мора секогаш толку многу да покажувате дека се грижите за некого. Посилни сте отколку што мислите!rn

Лав

rnВие имате навика да се споредувате и да се натпреварувате со другите. Но, не ви е потребно признание од другите дека сте најдобри. Вие веќе сте! Спуштете се на земја и ќе видите колку луѓето всушност сакаат да се дружат со вас.rn

Девица

rnВашата најлоша навика, но и особина, е тежнеењето кон перфекционизам. Морате да се опуштите, бидејќи во длабочината на душата и самите знаете дека ништо не е совршено. Обидете се да пронајдете убавина во ситните маани и пропусти.rn

Вага

rnВие никого не сте одбиле. Секогаш велите „да“ и тоа е сјајно, но кога ќе претерате – ете ви лоша навика. Умеете добро да мислите и да проценувате, па немојте да го заборавите тоа. И слободно понекогаш кажете „не“!rn

Скорпија

rnВашата лоша навика е вашата способност за убедување и манипулација. Секако, ова понекогаш е во ред, но често знаете да претерате и да бидете доста себични, односно да ги убедувате луѓето да работат во ваша корист. Немојте да го правите тоа. Не сакате вие самите да бидете изманипулирани, зар не?rn

Стрелец

rnВие знаете да бидете невнимателни и да постапувате лошо со луѓето. Не е дека сте нељубезни, туку само сте во некој ваш свет. Сепак, нема секој тоа така да го сфати, па подобро бидете повнимателни и малку повеќе размислувајте, за вашите односи да бидат потрајни и посилни.rn

Јарец

rnВие сте вистински работохоличари! Работа, работа, работа и ниту еден слободен ден. Ова не е здраво, ниту е добро за резултатите од вашата работа. Ќе видите, одморот ќе ви одговара и ќе работите како никогаш досега.rn

Водолија

rnВашата навика е прилично иронична. Иако се грижите за сите, за себе се грижите најмалку и се запоставувате. Во новата година, задолжително барем малку од вашето време посветете си го себеси и на она што ве опушта.rn

Риби

rnНавикнати сте да живеете во некој ваш свет за да се заштитите од вистинскиот, надворешен свет. Тоа е сјајно, но нема поента баш секогаш. Морате да чувствувате и некогаш да бидете повредени за да созреете и да бидете уште подобри.