КАФЕ ПАУЗА

Поучна приказна за сложноста и братството

Поучна приказна за сложноста и братството

На сите ни се случило во животот да дозволиме егото и тврдоглавоста да нè разделат од нашите блиски и сакани. Обично станува збор за ситници и обични недоразбирања кои лесно би се решиле со едно обично „извини“ или смирен разговор. Но, човечката природа е таква што реагира импулсивно и веднаш настојува да го одбрани својот став, наместо да го сослуша туѓиот. Тогаш желбата за одмазда и цврстата увереност дека ние сме во право нè заслепуваат и ризикуваме да изгубиме значајна личност од нашиот живот само за да докажеме дека не сме ние тие што згрешиле. Оваа поучна приказна ќе ви покаже дека сложноста и љубовта кон нашите блиски е најважна и треба да ги надвладее сите останати недоразбирања и несогласувања…rnrnПоучна приказна за сложноста и братствотоrnrnСи биле еднаш двајца браќа кои живееле во соседни фарми и кои биле скарани. Тоа била првата сериозна караница во текот на нивните 40 години. Дотогаш сложно живееле еден до друг, го делеле алатот и си помагале.rnrnНо, одеднаш таа хармонија била нарушена. Сè започнало од едно мало недоразбирање кое довело до голема кавга и сурови зборови по кои следувале недели поминати во молк.rnrnЕдно утро некој тропнал на вратата на Горан, постариот брат. Тој отворил и видел човек со столарски алат.rnrn„Барам работа. Можеби тука на твојата фарма би можело да се најде некоја работа за мене?“ – прашал столарот.rnrn„Да, знам што би можел да направиш за мене. Ја гледаш онаа куќа од другата страна на потокот? Таму живее мојот сосед, односно мојот помал брат. Минатата недела помеѓу нас имаше ливада, но тој нешто копаше кај реката и сега помеѓу нас има поток. Тоа го направи за да ми наштети, ама ќе му вратам јас мило за драго… Го гледаш оној труп покрај шталата? Сакам да ми направиш ограда од два метра и да не го гледам веќе ни него ни неговата куќа“, одговорил Горан.rnrnСтоларот на тоа рекол:rnrn„Сè ми е јасно. Дај ми клинци и бормашина и ќе видиш колку одлично ќе го направам тоа.“rnrnПостариот брат морал да отиде до градот, така што му го дал на столарот потребниот материјал и отишол. Столарот цел ден работел вредно, мерел, сечел…rnrnКога вечерта постариот брат се вратил, столарот имал завршено со работа. Горан се запрепастил! Воопшто немало ограда. Столарот направил мост кој ги поврзувал двата брега на потокот. Мостот бил прекрасен, а од другата страна се приближувал помладиот брат со широко раширени раце.rnrn„Ти си навистина прекрасен човек штом си направил мост после сè што ти кажав и направив“, рекол помладиот брат.rnrnБраќата стоеле секој на својата страна од мостот и полека тргнале еден кон друг, среќавајќи се на средина. Виделе како столарот ја подигнува кутијата со алатот и тргнува.rnrn„Еј, почекај! Остани неколку дена кај нас. Има уште многу работи кои би можел да ги направиш“, рекол постариот брат.rnrn„Навистина би сакал, но морам да направам уште многу мостови“, одговорил мудриот столар.