КАФЕ ПАУЗА

Која е суперсилата на вашиот хороскопски знак?

Која е суперсилата на вашиот хороскопски знак?

Го знаете она старо прашање: „Доколку би можеле да поседувате некаква суперсила, која би ја одбрале?“ Инспирирани од суперхероите и научно-фантастичните филмови, решивме да ја споделиме со вас суперсилата која ја има секој хороскопски знак. Во продолжение дознајте кој знак може да ѕирне во душата на другите луѓе, кој може да менува облик, кој е неуништлив, а кој може да лета.rnrnКоја е суперсилата на вашиот хороскопски знак?rn

Овен – неограничена енергија

rnДоколку овните би биле суперхерои би можеле да скокаат од еден до друг покрив на зграда и да летаат побрзо од испукан куршум, без да мораат да направат пауза измеѓу двете активности.rn

Бик – супер цврстина

rnИ емоционално и физички, биковите можат да издржат тежок товар, страшни разочарувања и големи животни катастрофи. Претставниците на овој знак се буквално нераскинливи.rn

Близнаци – ментално даунлодирање

rnБлизнаците имаат способност да впијат огромна количина податоци во една секунда. Без разлика дали читаат книги или испити во библиотека или читаат нешто на компјутер, близнаците имаат неограничен капацитет за примање информации.rn

Рак – надчовечка емпатија

rnРаковите имаат способност да ги почувствуваат емоциите на другите луѓе и можат физички да се поврзат со емоционалната состојба на секој жив човек, животно или растение.rn

Лав – огнена топка

rnПримајќи ја неограничената моќ од Сонцето, лавот има способност да создава оган. Доколку некој му се закани нему или на неговите најблиски, тој ќе се заштити себеси создавајќи огнена топка за само неколку секунди, која ќе ја исфрли врз непријателот.rn

Девица – човечко торнадо

rnБрзината и интензитетот кои ги поседува девицата, ја претвораат во еден вид човечко торнадо. Таа може да се движи од едно кон друго место со неверојатна брзина и може да ги завршува обврските со брзина од 200 км на час.rn

Вага – менува облици

rnВагата има способност да го промени својот облик, а тоа ѝ овозможува да може да се прилагоди на секоја можна ситуација, околина и група луѓе. Оваа моќ на вагата ѝ овозможува да го искуси животот во многу различни форми.rn

Скорпија – душевен јасновидец

rnСо само еден поглед во нечии очи, скорпијата може инстантно да ја види длабочината на душата на другите луѓе: нивната болка, животната цел и вистинското лице.rn

Стрелец – извлекувач на вистината

rnСтрелецот има способност да го натера секој жив човек, во секоја можна ситуација да ја изусти вистината. Измама, итрина, заобиколување или одбивање да се каже вистината, нема да ви „пројдат“ пред стрелецот и неговата моќ да ја извлече и пронајде вистината.rn

Јарец – контролор на умот

rnМоќните ментални сили на јарецот му овозможуваат да ги натера сите околу себе да се поклонуваат на неговите желби. Со ваквата способност, не постојат граници во однос на сето она коешто овој знак може да го постигне.rn

Водолија – способност за летање

rnСо нејзината способност да „полета“, водолијата има способност да се издигне над светот и да искуси нови култури, да ја пронајде неправдата или едноставно да го почувствува ветарот на својата кожа.rn

Риби – создавач на свет од соништата

rnСекоја фантазија или сон, може да постане нова реалност за рибите. Без разлика дали станува збор за одење на тропска плажа, во Античкиот Египет или во некој друг алтернативен универзум, имагинацијата која ја имаат рибите може да ги одведе буквално онаму каде што сакаат.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.