КАФЕ ПАУЗА

Која Дизниева принцеза сте според хороскопскиот знак?

Која Дизниева принцеза сте според хороскопскиот знак?

Во анимираните приказни на Дизни сме сретнале многу принцези и главни јунакињи кои нè воодушевувале и од кои сме се инспирирале како мали, а нови возбудливи карактери се појавуваат и ден-денес. Оваа астрологија нема цел да „ви го пробие“ карактерот ниту пак да ви ја предвиди иднината, туку само да ве забавува. Според карактеристиките на секој хороскопски знак, ова се принцезите на Дизни кои ги претставуваат 12-те знаци во зодијакот.rn

Овен – Мерида (Храбра)

rnИсто како Мерида, овните се независни, динамични, избувливи и по малку авторитарни. Сигурно и вие повеќе би сакале да ви дува ветер во косата додека стрелате кон зајдисонцето, отколку да стапите во брак со некој кого не го познавате.rnrnКоја Дизниева принцеза сте според хороскопскиот знак?rn

Бик – Снежана (Снежана и седумте џуџиња)

rnБиковите се стрпливи, практични и поверени личности. И би морале да бидат доколку треба да се грижат за седум мали џуџиња како Снежана. Мистерија е како тоа ѝ успева на нејзина возраст. Таа има само 14 години.rnrnКоја Дизниева принцеза сте според хороскопскиот знак?rn

Близнаци – Ариел (Малата сирена)

rnАриел, сирената која толку многу посакуваше да постане човек, има многу слични карактеристики со близнаците, како на пример, со нивната неуморна, итра и љубопитна природа. За жал нејзиното однесување предизвика таа скоро да биде проголтана од ајкула, затоа, пазете се.rnrnКоја Дизниева принцеза сте според хороскопскиот знак?rnrn