КАФЕ ПАУЗА

Кој хороскопски знак е најголема педантерија, а кој е неуреден?

Кој хороскопски знак е најголема педантерија, а кој е неуреден?

Нашите домови и начинот на кој се грижиме за нив се огледало на нас самите. Иако сите би сакале да кажат дека се уредни, знаеме дека тоа не е секогаш случај. Некои сметаат дека може да функционираат само ако сè е чисто, додека на други не им пречат ниту валкани садови што стојат во мијалникот со денови.rnrnrn

Девица

rnЛуѓето родени во овој хороскопски знак не само што се уредни, туку се и целосно „луди“ по чистењето. Тие сакаат сè да е совршено организирано, на свое место и да е апсолутно чисто. Никогаш нема да видите хаос во нивниот дом.rn

Бик

rnТие многу се трудат и се грижат за себе, а нивниот дом е само продолжение на тоа, затоа што тие едноставно не може да се опуштат во нередот. Покрај тоа, тие не сакаат да им дадат на другите причина да им се суди за нешто.rn

Јарец

rnТие се посветени и вредни во сè што прават и тоа не се менува кога станува збор за нивниот дом. Иако на домашните обврски не им даваат предност, тие имаат силна желба да биде сè организирано и на место.rn

Скорпија

rnТие сакаат да ги чуваат работите околу себе и заради тоа многумина можеби мислат дека се склони кон неуредност. Сепак, тие сакаат да го одржат просторот чист затоа што тоа е нивно приватно засолниште од остатокот од светот.rnrnМожеби ќе вложат малку повеќе во личната хигиена отколку во домашните обврски, но тоа не го менува фактот дека поголемиот дел од времето, сè околу нив е прилично чисто.rnrnrn

Рак

rnУдобноста им е важна, но не само сопствената. Тие сакаат и на другите што доаѓаат кај нив да им биде пријатно. Внимаваат нивниот простор да биде барем минимално исчистен во случај некој неочекувано да наврати.rn

Овен

rnОвните може да бидат или уредни или неуредни, во зависност од тоа што им се случува во животот. Тие не им даваат приоритет на домашните работи, туку на излегувањето со пријателите затоа што мислат дека животот е премногу краток и сакаат „да дишат со полни гради“.rnrnПонекогаш тие се малку немирни, особено кога само седат дома. Не е невообичаено да исчистат ако им стане здодевно. Нивниот дом е прилично уреден, па ако работите почнат да се трупаат, нема да им треба многу време за да ги средат.rn

Лав

rnОвој хороскопски знак сака да остави добар впечаток. Не сака нечистотија, но реално нема многу време во неговиот зафатен живот да го задржи својот дом во совршен ред.rnrnНивниот домашен простор не е валкан или неуреден, но честопати трупаат работи за кои не пронашле место. Нивниот дом е репрезентативен и можат да го исчистат брзо без многу мака, но најголемиот проблем им е времето.rn

Водолија

rnВо главата на Водолијата се случува сешто. Ќе се обиде да го среди нередот, но не сака сè да ѝ се сведе на извршувањето домашни обврски.rnrnСо оглед на нејзината неконвенционална природа, Водолијата не чувствува потреба да импресионира некого, но лесно ѝ се распрснува енергијата што ја има, па затоа треба јасно да ја постави целта што треба да ја постигне.rnrnrn

Близнаци

rnТие секогаш имаат добри намери, но кога треба да започнат со чистење секогаш се појавува „нешто поважно“. Поминува уште еден ден пред да стигнат нешто да зачистат. Поинаку е кога нешто се организира во нивниот дом, зашто тогаш тоа им дава мотивација да одржат сè уредно. Инаку секогаш нешто друго им е поважно и нивното внимание постојано е насочено на нешто друго, наместо кон чистењето.rn

Вага

rnНив ги привлекуваат убавите работи, но тоа не значи дека тие сè одржуваат уредно. Вагата нема да се заморува премногу за сè да одржи чисто. Како и Близнаците и таа секогаш бара причина да не направи нешто, освен кога очекува гости.rn

Риби

rnТие секогаш се трудат да им биде удобно и да се опуштени, па затоа не изненадува тоа што овој вид размислување важи и за нивните навики при чистењето. Не им пречи тоа што работите се расфрлени затоа што тие навистина уживаат во малку хаос.rn

Стрелец

rnТие мислат дека некои работи во животот се неверојатно важни, како што се нивната независност, авантурата, среќата и хуморот, но чистењето во домот не им е „јака страна“.rnrnОбично тие се толку зафатени со планирање на следната авантура, па ретко се дома и се водат со помислата „зошто да се исчисти нешто што подоцна секако ќе се извалка?“.rnrnМожеби сакате да прочитате и за тоа кои мажи се најдобри според хороскопските знаци.