Доколку сакате да откриете дали сте во врска со личност која гледа иднина покрај вас и на која можете да се потпрете на подолг рок, тогаш погледнете што викаат ѕвездите за оние знаци кои се најсклони на долги врски, како и за оние кои бараат само забава и флерт.rnrn
rn
Овен
rnОвните се склони нагло да се одлучат со кој сакаат врска, па затоа и импулсивно се впуштаат во емотивни односи. Проблемот настанува во онаа фаза кога првобитната страст кон партнерот ќе почне да се гаси. Доколку не им успее да ја оживеат, тие лесно можат да ја прекинат врската.rn
Бик
rnБиковите сакаат долги и сериозни врски поради едноставна причина – тие сакаат стабилност и секогаш сакаат да знаат на што се. На нив многу им е важно партнерот да им биде верен, дури и ако им е здодевно во врската. Дури и страста да исчезне, тие тешко го прекинуваат односот.rn
Близнаци
rnБлизнаците по својата природа се променливи. Тие сакаат да љубат и мечтаат за љубов, но исто така и лесно можат да го променат своето мислење и емоции. Често сакаат да предизвикуваат љубомора преку флерт со други за малку да си поиграат, но ако им е здодевно, лесно ставаат крај.rn
Рак
rnРаковите се едни од најемотивните знаци, но исто така умеат да бидат и малку злобни. Тие се едни од најидеалните кандидати за сериозна врска бидејќи сакаат емотивна сигурност, но исто така и долго умеат да патат и трпат во лоши врски бидејќи не знаат како да раскинуваат.rn
Лав
rnЛавовите имаат силно и огнено срце поради кое можат да љубат до срж. Но, пред да ја пронајдат „вистинската“ личност тие можат да имаат повеќе различни врски, а понекогаш дури да бидат и промискуитетни. Но, кога навистина ќе се заљубат, тие гледаат долготрајно на таа врска.rn
Девица
rnДевиците се многу променливи. Во суштина тие сакаат емотивна стабилност и сакаат да имаат сериозна врска, но ако направат погрешна процена или кај партнерот забележат повеќе ситници кои им пречат, тие лесно можат да го/ја заменат. Овој знак секогаш на прво место се става себе.rn
Вага
rnВагите тежнеат кон тоа секогаш да имаат партнер бидејќи не сакаат самотија. Тие лесно влегуваат во нови врски каде им е важно да им ласкате и да им се додворувате, на тој начин хранејќи го нивното его. Тие се одлични кандидати за сериозна врска бидејќи се емотивно стабилни.rn
Скорпија
rnСкорпиите се многу предани кога искрено љубат, го даваат својот максимум и секоја своја емоција ја вложуваат во оваа врска. Тие се трудат да бидат верни и во тоа успеваат сè додека чувствуваат љубов. Но, ако откријат лага или превара, тогаш ќе ви се одмаздат полошо одошто што мислите.rn
Стрелец
rnСо Стрелецот најтешко може да се оствари сериозна врска. Тие тоа го сакаат и сметаат дека го умеат, но само во теорија. Во пракса ги зафаќа нервоза кога ќе помислат да бидат со само една личност бидејќи не сакаат моногамија. Врската со Стрелците најчесто вклучува мамење.rn
Јарец
rnЕден од најдобрите кандидати за сериозна врска се Јарците. Кај нив сè треба да биде стриктно по правила, а кога ќе ги дадат своите емоции не очекуваат ништо помалку од тоа за возврат. Тие се одлични и во бракот, посветени се и семејството им е секогаш на прво место.rn
Водолија
rnВодолиите тешко ќе ги доведете до одлука да се впуштат со вас во сериозна врска. Но, ако успеете во тоа треба да имате на ум дека со нив пријателството е на прво место. Ако сакате да бидете долго време со Водолија, тогаш треба прво да бидете пријатели, а потоа љубовници.rn
Риби
rnРибите можат лесно и непромислено да се впуштат во сериозна врска сè додека чувствуваат пеперутки во стомакот и имаат илузии за саканата личност. Тие се вистински романтичари и многу им е важно да им посветувате многу внимание. Само на тој начин ќе ги задржите покрај себе.