Легендарната архитекта Заха Хадид многупати го има оставено својот белег во светот. Иако е лесно да го проучувате нејзиниот стил во јавните градби што ги дизајнирала, дали некогаш сте се запрашале што би направила со нејзиниот дом? Додека работела за еден музеј во Мајами, Заха живеела во апартман на Југозападната плажа. Неодамна тој се продаде и за прв пат можете да погледнете внатре.rnrn
rnrnДомот од 236 метри квадратни има поглед кон Атлантскиот Океан и е исполнет со линиите препознатливи за Заха. Футуристичкиот апартман има 3 бањи, 4 спални соби и е вистинско ремек-дело достојно за еден архитект.rnrn
rnrnПо смртта на Заха во 2016-та година, домот бил ставен на продажба по цена од околу 8,5 милиони евра пред да биде спуштен на 5,5 милиони евра. Неодамна домот е продаден за нешто помалку од 5 милиони евра.rnrn
rnrnЗа да го создаде луксузниот простор, Заха купила два одделни апартмани и ги споила. Прозорците од подот до таванот го исполнуваат просторот со природна светлина и нудат неверојатен поглед кон океанот. Дали би сакале да живеете овде?rnrn
rnrn
rnrnДоколку сакате нешто необично, тогаш сигурно ќе ви се допадне овој неверојатен дом сокриен во пештера.
Погледнете го неверојатниот дом на Заха Хадид што чини 5 милиони евра
