Приватноста се перципира различно низ целиот свет. На пример, во Германија, многу малку канцеларии имаат отворени врати, додека во Америка, ова е доста вообичаено. Сепак, никој не сака да биде тајно набљудуван, особено за време на приватните активности. Некои трговци навистина ставаат скриени камери во соблекувалните, па овие совети можеби ќе ви помогнат да ги забележите.rn
1. Скенирајте ја просторијата за сомнителни предмети
rn
rnrnНајлесен начин да најдете скриени камери е да разгледате и внимателно да ја проверите вашата околина. Набљудувајте го секој центиметар и обрнете посебно внимание на предметите како украси на ѕидот, ламби, полици итн. Сите сомнителни жици или светла може да припаѓаат на скриена камера.rn
2. Поврзете се на безжичен интернет
rn
rnrnНадзорните камери обично работат на wi-fi, па може да откриете некоја со поврзување на мрежата што е достапна во просторијата. Тогаш ќе треба да користите специјална апликација за да видите кои други уреди се поврзани на истата мрежа. Внимавајте на уредите што покажуваат име на производител на камера или наведуваат работи како „IP camera“.rn
3. Користете го блицот на вашиот телефон
rn
rnrnОгледалата се едни од најлесните места за да се скрие камера во соблекувалната, па затоа треба внимателно да ги проверите. Ако имате можност да ги исклучите светлата, обидете се да го сторите тоа и користете го блицот на вашиот телефон за да го набљудувате огледалото. Светлината што блеска спротивно од огледалото и ви овозможува да гледате во темнината, може да открие присуство на скриена камера од другата страна на огледалото.rn
4. Загледајте се во огледалото
rn
rnrnСоблекувалните се совршено место за употреба на двонасочни огледала бидејќи едната страна ќе биде осветлена, а другата може да се биде во темница. Блокирајте ја светлината со рацете и гледајте низ огледалото за да откриете дали тоа е всушност двонасочно.rn
5. Допрете го огледалото
rn
rnrnКога допирате обично огледало, секогаш има растојание помеѓу прстот и неговиот одраз. Ако го забележите тоа растојание, можете да бидете сигурни дека огледалото е вистинско. Меѓутоа, ако ви изгледа како прстите да се допираат во рефлексијата, тоа е веројатно двонасочно огледало и ве следат.rnrnПрочитајте како продавниците за облека нè тераат да потрошиме повеќе пари.
