КАФЕ ПАУЗА

Какви желби има секој хороскопски знак додека води љубов?

Какви желби има секој хороскопски знак додека води љубов?

Сите личности имаат свои желби и улоги што ги возбудуваат, па погледнете во која улога би сакал да се најде секој хороскопски знак додека води љубов.rnrnКакви желби има секој хороскопски знак додека води љубов?rn

Овен

rnОвој хороскопски знак сака да владее, па особено ќе ужива во улогите каде што тој е доминантен. На личностите родени во овој хороскопски знак особено им одговара улогата на полицаец или на некој друг авторитет што ќе ги преземе работите во свои раце и ќе ве казни ако сте непослушни.rn

Бик

rnБикот е знак што ужива во предиграта. Него особено го возбудуваат односи во коишто се прави нешто што е забрането. На личностите родени во овој хороскопски знак им одговара улогата во која нивната партнерка има сопруг и одлучува да го изневери токму со него.rnrnОсобено ги возбудува бурмата на раката на партнерката бидејќи им покажува дека допираат нешто што е забрането.rn

Близнаци

rnКако што сестрата се посветува на својот пациент, така и личностите родени во овој хороскопски знак сакаат да имаат во својот кревет секси, млада и перверзна медицинска сестра која ќе ги задоволи сите нивни потреби.rn

Рак

rnРакот се смета за исклучително чувствителен знак во Зодијакот. Бидејќи овие личности сакаат да ги исполнуваат сите желби на своите партнери и сакаат да им помагаат на луѓето, најмногу ги возбудува улогата на пожарникар кој дошол да ве спаси од огнот и да ве однесе на безбедно место.rnrnВо вашиот кревет, се разбира.rn

Лав

rnОвие личности сакаат да покажат авторитет и доминација, а најмногу ги возбудува улогата на строг професор. Доколку не сте го совладале материјалот добро, ќе мора да се покорите на неговиот авторитет и да направите сè што ќе заповеда.rn

Девица

rnДевиците имаат стил и знаат да уживаат во секој допир на партнерот. Нив особено ги возбудуваат чипка, халтери и секси долна облека, па ако се облечете како секси учителка сигурно ќе го натерате да полуди за вас и да остане во креветот многу долго време.rn

Вага

rnВагите уживаат во улогите од своите омилени филмови. Тие фантазираат за претворање во своите главни јунаци затоа што тогаш имаат многу поголема самодоверба. Зоро, Бетмен или Супермен – дозволете им да ве спасат и потоа заблагодарете им се.rn

Скорпија

rnСкорпиите се сметаат за едни од најперверзните личности што не сакаат да губат време. Нив ги возбудуваат маските и водењето љубов под нив. Овие личности ќе се замислат себеси на бал под маски каде што за прв пат ќе ве сретнат и ќе ве одведат во својата соба без да кажат ниту еден збор.rn

Стрелец

rnСтрелците сакаат да експериментираат и неизвесноста ги доведува до лудило. Личностите родени во овој хороскопски знак би сакале да се најдат во улогата на таксист кому една млада девојка нема како да му плати, освен на еден многу креативен начин.rn

Јарец

rnОвие личности најчесто ги задржуваат сите своите фантазии за себе. Сепак, кога би можеле да бираат, за партнерка би ја избрале мајката на својот најдобар пријател, а тие би се замислиле како тинејџер кој треба да ја изгуби невиноста со неа.rn

Водолија

rnЛичностите родени во овој хороскопски знак ја сакаат сензуалноста и поради тоа масажите се секогаш добар избор за нив. Тие се гледаат себеси во улога на клиент кој дошол на безопасна масажа која ќе се претвори во масажа на сите делови од неговото тело.rn

Риби

rnРибите се исклучително имагинативни личности и сакаат да го задоволуваат својот партнер. Овие личности уживаат во предиграта и себеси се гледаат во улогата на водоводџија кој ја завршува својата работа со млада, сама домаќинка, на масата во кујната, откако го поправил дефектот под мијалникот.rnrnДали сте меѓу хороскопските знаци за коишто љубовта е игра на сè или ништо?