Секој од нас на свој сопствен начин се бори со тешките ситуации и депресијата во животот, но хороскопот открива некои работи кои на чуден начин ги поврзуваат припадниците на разните хороскопски знаци.rnrn
rn
Овен
rnОвенот ќе стане агресивен и може да „пукне“ без причина. Припадниците на овој знак во депресивните моменти сакаат да бидат опкружени со луѓе, ама тие луѓе, по правило, не сакаат во тие моменти да бидат во негова близина.rn
Бик
rnБикот ќе ја пренесе својата депресија на другите и ако треба ќе ги увери во тоа. А потоа ќе се грижи за нив онака како што тој би сакал тие да се грижат за него.rn
Близнаци
rnЕден од знаците кој најдобро се справува со депресијата. Тие ќе најдат начин постојано да бидат зафатени, ќе се дружат со своите пријатели додека депресијата не им помине.rn
Рак
rnРаковите со своето меко срце никогаш не ја потценуваат важноста на добрата храна, доброто плачење и поддршката од родителите и пријателите – како и во секоја животна ситуација, така и тогаш кога се борат со депресијата.rn
Лав
rnОвој хороскопски знак сака да биде во центарот на вниманието, па тоа го прави и во овие моменти, сака сите да го тешат. Меѓутоа нема долго да ѝ се препушти на депресијата, можеби ќе организира забава или дружење со пријателите за да се расположи.rn
Девица
rnПедантните и организирани девици немаат време за депресија бидејќи се зафатени со други поважни работи. Сами ќе се убедат дека нивните чувства се ирационални и ќе пробаат да не мислат многу на нив.rn
Вага
rnВагата ќе проба што е можно повеќе да биде опкружена со луѓе и да биде подолго време надвор од домот. Промена на средината, викенд патување или дружење со саканата личност е најдобриот и најбрзиот лек за борење со депресијата.rn
Скорпија
rnМистериозната и харизматична Скорпија ќе ѝ се препушти на депресијата и на негативните мисли. По некое време како феникс ќе се прероди од својот сопствен пепел, ќе научи нешто ново за себе и ќе се врати појака од кога и да било.rn
Стрелец
rnСтрелецот скоро никогаш нема да им признае на своите сакани дека нешто го мачи. Припадниците на овој хороскопски знак, кои се познати по одличната смисла за хумор и оптимизмот, ќе пронајдат начин сами да се расположат и нема да им се предадат на тагата и негативните мисли.rn
Јарец
rnЈарецот ќе изгради свој одбранбен став и ќе се оддалечи од сите. Може да одрекува дека не му е ништо сè додека не падне на самото дно. Јарците се прилично склони кон депресија.rn
Водолија
rnПрипадниците на овој знак навистина имаат краток фитиљ. Комуникацијата со непознати луѓе и со колегите ќе биде сведена на минимум, а кулминацијата ќе ја изразат врз саканите личности на кои ќе им викаат без причина.rn
Риби
rnОсетливите риби во оваа ситуација ќе почнат да мислат дека целиот свет се свртел против нив. Секој кој не се согласува со нив, едноставно не ги разбира и не знае како е тоа.