Без оглед на тоа низ каков период минувате моментално, порано или подоцна ќе му дојде крајот. Ниту добрите ниту лошите работи во животот не се постојани. Меѓутоа, она што секогаш можете да го задржите е вашиот мир. Можеби имате премногу работа, треба да враќате долгови, да полагате испити, да ја прекинете лошата врска или пак можеби минувате низ период на љубење, смеење, плачење и веселење. Каков и да е периодот, можете да живеете спокојно и да најдете среќа во животот. Следниве 10 совети ќе ви помогнат да пронајдете внатрешен мир…rnrn
rn
1. Прифатете ги работите онакви какви што се
rnАко минувате низ многу тежок период, сетете се на моментите кога ви било најтешко и размислете како сте успеале да ги пребродите. Доколку се потсетите на тоа дека можете да ја преживеете болката, несигурноста и сомнежот, ќе можете да најдете сила да ја надминете моменталната ситуација.rn
2. Споделете го вашиот товар
rnРазговарајте со вашите најблиски за она што ве мачи и на тој начин ќе си го олесните товарот.rn
3. Живејте во сегашноста
rnКога тргнувате на патување кон иднината, почнувате да си создавате проблеми што можеби никогаш нема да се случат.rn
4. Ослободете се од негативните мисли
rnАко почнете да размислувате за тоа колку проблеми имате и колкава болка чувствувате, признајте си го чувството и преземете нешто за да тргнете напред. Тоа можеби нема да ги промени околностите, на некои работи им треба време за да поминат, но ќе ви помогне да го промените начинот на вашето размислување.rn
5. Вратете си ја вербата
rnБез разлика да верувате во Бог, карма, моќта на универзумот или во самите себе, искористете ја вашата духовна или религиозна верба за да најдете утеха.rnrn
rn
6. Одете таму каде што е љубовта
rnАко се чувствувате поразени, многу е важно да се поврзете со луѓето кои можат да ви пружат поддршка.rn
7. Одберете среќа
rnАбрахам Линколн некогаш кажал: „Сум забележал дека повеќето луѓе на светот се онолку среќни колку што одлучиле да бидат“. Дури и во најлошите можни околности, секогаш постои нешто што може да ви донесе среќа. Не го игнорирајте тоа.rn
8. Љубете наместо да контролирате
rnЛуѓето честопати се обидуваат да ги контролираат нештата што ги сакаат, од страв да не ги изгубат. Но, тоа е погрешно. Контролата ви дава лажно чувство на моќ и доминација. Пуштете ги работите да излезат надвор од контрола и љубете неизмерно!rn
9. Самите сте одговорни за вашите чувства и дела
rnОбрнете внимание дали вашите дела се одраз на резултатите што сакате да ги постигнете.rn
10. Не заборавајте дека без оглед на тоа низ каков период минувате, сѐ ќе биде во ред
rnДури и да не верувате во ова, никогаш не е доцна да почнете. Запишете го на хартија. Повторувајте го секој ден.rnrnВозможно е да го задржите мирот без оглед на околностите. Искористете ги овие совети за да создадете поспокоен начин на размислување. Вратете си го внатрешниот мир и среќата сама ќе ви затропа на врата.rnrnПрочитајте ги и следниве 3 начини да го потиснете адреналинот и да останете смирени.