КАФЕ ПАУЗА

Како ќе ни влијае полната Месечина во Вага на 5 април?

Како ќе ни влијае полната Месечина во Вага на 5 април?

Полната Месечина во Вага ќе биде на 5 април 2023 година. Вагата е хороскопски знак поврзан со нашите врски и со начинот на кој комуницираме со другите. Овој знак е исто така симбол на правдата, правичноста и потребите и благосостојбата на другите.rnrnКако ќе ни влијае полната Месечина во Вага на 5  април?rnrnЗа време на полна Месечина во Вага може да забележиме дека во центарот на нашето внимание ќе бидат нашите врски. Кои верувања нè поттикнуваат да станеме онакви личности какви што сакаме да бидеме? Полната Месечина ќе ни испрати исцелувачки вибрации кои ќе направат да се чувствуваме побезбедни. Можеби конечно ќе добиеме самодоверба да ги оставиме или промениме односите што повеќе не ни служат.rnrnХирон, астероидот познат како ранетиот исцелител, ќе биде особено активен за време на полната Месечина во април 2023 година и ќе ни даде поттик да размислуваме како нашите рани можат да влијаат врз нашите односи. Нашите рани понекогаш може да нè спречат да бидеме целосно присутни во комуникацијата со другите, но енергијата на Хирон ќе нè потсети дека раните не треба да бидат наша пречка. Тие можат да постојат, а сепак да нè водат до место полно со љубов, поврзаност и убавина.rnrnЕнергијата на Месечината во Вага ќе ни помогне полесно да се поврземе со себе и со светот околу нас. Честопати сме толку фокусирани на тоа да се поврземе со себе и со нашиот внатрешен свет, но оваа полна месечина ќе нè поттикне и да се поврземе и со другите.rnrnЗа време на оваа Месечина ќе биде активен и Јупитер. Благодарение на неговата енергија, ќе ни биде полесно да сфатиме каде треба подлабоко да се фокусираме. Јупитер не само што ќе ни го разјасни тоа, туку и ќе ни го истакне и позитивниот аспект, за да можеме полесно да ги цениме и препознаеме добрите работи кои нè опкружуваат.rnrnОткако прочитавте за влијанието на полната Месечина во Вага, можеби ќе сакате да прочитате и како ќе ни влијае Јупитер во Овен до 16 мај 2023 година.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs