ТЕСТ: Колку сте драматични? Одговорете искрено, ако воопшто можете

Сподели

Сите велиме дека сме „смирени луѓе“, сè додека не ни стигне порака со само: „ОК.“

Одговорете на следните прашања и дознајте колку драма навистина има во вас. Без лажење – овој квиз можеби знае повеќе за вас отколку што би сакале.

Реклама

1. Некој ви ја прочитал пораката, но не ви одговара 3 часа. Вие:

А) Ништо, веројатно е зафатен/а.
Б) Почнувам да размислувам зошто не ми одговара.
В) „Добро. И јас имам живот.“ Го проверувам last seen по 7 минути.

2. Пријател ви кажува: „Не се лути, ама…“

А) „Кажи, не се лутам.“
Б) Веќе се лутам, а уште ништо не кажал/а.
В) Се подготвувам за битка која никој не ја побарал.

Реклама

3. Ќе објавите фотографија и после 10 минути немате доволно лајкови.

А) Не ми е важно.
Б) Можеби ќе ја избришам и повторно ќе ја објавам подоцна.
В) Инстаграм има нешто против мене. Очигледно.

4. Некој ќе ви каже: „Ќе ти се јавам подоцна.“

А) Во ред, ќе почекам.
Б) После два часа: „Можеби заборавил/а.“
В) После 20 минути: „Очигледно сум небитен/на.“

5. Кога ќе се скарате со некого, најчесто:

А) Сакам веднаш да разговараме.
Б) Ми треба малку време да се смирам.
В) Ништо не кажувам, но во глава веќе имам подготвено 14 аргументи.

6. Некој ќе ви каже: „Прави што сакаш.“

А) „Во ред.“
Б) Знам дека ова не значи дека можам да правам што сакам.
В) Одлично. Тогаш ќе направам што сакам. И ќе има последици, ама тоа е проблем за утрешното јас.

7. Колку често велите „Не ми е гајле“, а всушност…

А) Навистина не ми е гајле.
Б) Ми е малку гајле.
В) Ми е толку гајле што веќе направив цел филм во глава.

РЕЗУЛТАТИ

Најмногу А – Вие сте светецот меѓу нас

Смирени сте, рационални и очигледно сте достигнале ниво на духовен мир кое останатите само го глумат. Или едноставно многу добро се контролирате. Во секој случај – честитки.

Најмногу Б – Умерена драма

Не сте драматични. Само премногу размислувате. Разлика има, нели?

Еден „хаха“ наместо три „хахаха“ може да ве натера да анализирате дали нешто не е во ред. Но генерално сте функционални. Барем така велите.

Најмногу В – Главниот лик во сопствената серија

Кај вас ништо не е „само порака“. Сè има значење, скриена порака и потенцијален пресврт во третата епизода.

Некој ќе напише „океј“, а вие веќе знаете дека нешто не е океј.

Вашата омилена реченица е: „Не ми е гајле“, кажана во моментот кога најмногу ви е гајле.

Но, мора да признаеме – без вас би било прилично здодевно.

Најново

Може ќе ве интересира