Дали вие веќе ја имате оваа личност во вашиот живот, или пак тој или таа ве чека зад следниот агол? Пронајдете го вашиот знак и откријте каде се крие вашата сродна душа…rnrn
rn
Овен
rnВие сте упорни и дрски, па не се откажувате сè додека не го изморите „противникот“, односно личноста која ви паднала во очи. Младите дами можат да се најдат на мета на додворување од страна на Водолија или Лав, додека посилниот пол може да му се допадне на нескротливите Близнаци или Стрелци кои не можат да седат мирни на едно место. Вие можете да ја запознаете вашата љубов на забавите кои ги посетувате.rnrnМожат да ви се појават емоции и кон личност која е од странство и која сте ја запознале за време на патување. Оние кои веќе имаат врска, исто така можат да влезат во паралелна или забранета тајна врска во која ќе доминира страста.rn
Бик
rnНикој од другите хороскопски знаци не може да се бори со вашиот шарм и упорност. Вие секогаш се трудите да оставите силен впечаток на онаа личност која ви се допаѓа. На Ракот му се допаѓа вашиот заштитнички став, додека пак, на Девицата безбедноста со која зрачите. Ако сте дама, тешко ќе одолеете на упорниот Јарец или егзотичната Риба.rnrnВие можете да запознаете некој за време на пролетта, па водете се од страстите и емоциите. Доколку врската се движи побавно, исто како што вие би сакале, тоа значи и дека таа не би траела долго. Вие можете да развиете силни емоции за личност од вашето родно место.rn
Близнаци
rnВие сте весели, духовити и забавни, па во вашето друштво никогаш никому не му е здодевно. Ова може да им одговара на шармантната Вага или таинствената Водолија, особено ако сте жена. Машките претставници на овој знак, можат ненадејно да бидат привлечени од Лав или Овен.rnrnМожностите за нова врска постојано ви доаѓаат сами, па токму затоа не мора да се трудите многу на тоа поле. Но, имајте на ум дека и покрај тоа што не мора да се потрудите за почетокот, доколку сакате вашата нова врска да трае, тогаш ќе треба да вложите малку и од себе во неа. Најголемиот предизвик за одржување на врската кај вас е чекањето и трпеливоста.rn
Рак
rnВие сте романтични и никогаш не ви е доволно од нежности, па токму тоа и јасно ѝ го давате до знаење на личноста која ви се допаѓа. Доколку станува збор за Скорпија или сензуална Риба, тие веднаш ќе знаат дека го привлекле вашето внимание, особено ако сте припадничка на понежниот пол. Мажите Ракови треба да обрнат внимание на Бик или Девица кои веќе ги познаваат.rnrnБез разлика дали сте сами или имате партнер, во вашиот живот може повторно да се појави бивш партнер кој целосно ќе го размрда.rn
Лав
rnВие сте страсни и топли, често паѓате на надворешниот сјај, но умеете да ги препознаете искрените емоции. Особено ако тие доаѓаат од страсниот Овен или романтичната Вага. Ако сте мажи, нема лесно да можете да одолеете на духовитите Близнаци или спонтаните и лежерни Стрелци.rnrnСекоја личност која влегува во вашиот живот го прави тоа со причина. Токму затоа обидете се да ја одберете онаа личност која може да ви овозможи сигурност и стабилност, а не забава и моментално задоволство.rn
Девица
rnНа вашата практична и перфекционистичка природа најмногу ѝ одговара опуштање во друштво на весели личности кои умеат да уживаат. Тоа може да биде еден Бик, иако исто така ви одговара и доминантниот Јарец. Доколку сте претставници на посилниот пол, големи се шансите дека ќе ве привлече Скорпија или Рак.rnrnПартнерите можете да ги запознавате во својот роден крај или друго познато окружување. Често се случува и некој од вашата фамилија да ви биде стројник.rn
Вага
rnВие сте едни од најшармантните карактери, па токму затоа и спротивниот пол едноставно се „лепи“ за вас. Една нескротлива Водолија или пак, зборлест Близнак би можеле лесно да го привлечат вашето внимание. Доколку сте мажи, вам нема да ви биде тешко да се заинтересирате за Стрелец или Лав.rnrnСамата суштина на Вагите е љубовта, па токму затоа припадниците на овој пол постојано се во потрага по љубов, правејќи голем број прилики со цел да ги активираат своите емоции.rn
Скорпија
rnПоради вашата харизма и мистериозност, вие никогаш нема да останете незабележени и секогаш ќе зрачите со сексапил. Вие можете да влезете во врска со еден пречувствителен Рак или еротична Риба, додека пак на дамите може да им се допадне некоја срамежлива Девица или воздржан Јарец.rnrnВие ќе имате можност некое пријателство да го претворите во љубов, но тоа може да биде и непромислена одлука. Од друга страна пак, никогаш не ја исклучувајте можноста дека некој од вашите пријатели може да ве запознае со личност која целосно ќе ги исполни сите ваши очекувања.rn
Стрелец
rnВие сте спонтани и природни, весели и опуштени, како и вистински магнети за некој великодушен Лав или „откачена“ Водолија кои ретко би можеле да одолеат на вашиот шарм. Машките претставници на овој знак можат да забележат страстен Овен или тактична Вага.rnrnВие можете да влезете во врска во која ќе има голема разлика во годините, начинот на живот и културата. На оваа врска ќе треба долго да се прилагодувате, но ако успеете во тоа, вие ќе најдете стабилен и вистински партнер кој ќе остане со вас до крајот на вашиот живот.rn
Јарец
rnМожете да влезете во паралелна или трајна врска со одредена Девица или Скорпија. Ако сте дама, нема да останете имуни на додворувањето на мистична Риба или лежерен Бик.rnrnКај вас емоциите и врските не се менуваат многу често, па доколку личноста е активна, може да се задржи подолго време во вашиот живот. Ако не ја контролирате љубомората и посесивноста може да дојде до прекин на односот поради недоверба.rn
Водолија
rnВие уживате да ја шокирате околината за сè, па зошто љубовниот однос да биде нешто поразличен? Можеби вам ќе ве интересира некоја Вага кај која ќе ви се допадне немирниот дух или пак, некој Близнак кој нема да му смета тоа што постојано ги менувате плановите. Жените Водолии можат да запознаат Стрелец или Овен.rnrnВие можете да го помешате пријателството со љубовта, па токму затоа бидете сигурни пред да ги покажете своите вистински чувства. Исто така обидете се да бидете искрени кон партнерот бидејќи секоја тајна може само да ви штети.rn
Риби
rnВашата сензуалност и еротичност не може да остане незабележана, особено ако сте дами. Една таинствена Скорпија или упорен Рак може да направи сè за да ве освои. Доколку сте маж, вие можете многу лесно да освоите Јарец или Бик.rnrnВие можете да запознаете личност на интернет, но немојте пребрзо да оддавате многу информации за себе бидејќи можете да се разочарате. Оние кои имаат среќа да ја запознаат својата сродна душа, целосно ќе се препуштат на овој однос. Обидете се да се држите настрана од оние личности со кои ќе имате патолошки односи, бидејќи на тој начин само ќе се оддалечувате од среќата.