5 трикови на модните уредници кои веднаш ќе ги научите со помош на овие гиф фотографии

Сподели

Кога работите во модната индустрија ќе научите по нешто за начинот на облекување и како да изгледате прекрасно без ни малку труд. Еве неколку трикови кои доаѓаат директно од модните уредници кои ќе ви помогнат да изгледате префинето, а сепак се брзи и лесни.rn

Реклама

1. Префинето виткање ракави

rnЗошто: Нема ништо поубаво од виткање на ракавите на вашето омилено сако или џемпер, но да си играте цел ден со нив затоа што паѓаат е далеку од идеално.

Како: Користете ластик за коса или гумен ластик и поставете го на средината од ракавот – околу лактите. Соберете го и повлечете го ракавот до точка на раката којашто ви е удобна и наберете го остатокот од ракавот во долниот дел. На крај, скријте го ластикот под еден од слоевите што ги виткавте.rn

2. Виткање ракави во стилот на Џена Лајонс

rnЗошто: Затоа што изгледа помалку несмасно од класично свитканиот ракав.

Како: Свиткајте го ракавот на половина и подигнете го до горниот дел на раката. Свиткајте го свитканиот дел уште еднаш и застанете точно до манжетната за да ја истакнете на елегантен начин.rn

3. Пикање кошула

rnЗошто: Затоа што го нагласува струкот без да изгледате премногу напрчено.

Како: Пикнете ја во пантолоните или фармерките само едната страна од кошулата и тоа делот кој се наоѓа веднаш под копчињата.rn

4. Пикање кошула на Фралски начин

rnЗошто: Затоа што изгледа строго однапред, а забавно одзади.

Како: Пикнете ја едната половина од кошулата внатре во пантолоните или фармерките, а задниот дел оставете го надвор.rn

5. Виткање на фармерките

rnЗошто: Затоа што е совршено за истакнување на убави обувки и затоа што им дава пострукиран изглед на бојфренд фармерките.

Како: Свиткајте ги фармерките околу 3-6 сантиметри и потоа свиткајте ги уште еднаш така што ќе се гледа линијата на кројот за да бидат совршено несовршени.

Најново

Може ќе ве интересира