КАФЕ ПАУЗА

Еротски хороскоп за 2014-та

Еротски хороскоп за 2014-та

Секој хороскопски знак се одликува со специфична сексуалност, сексуални желби и потреби. Под влијание на ѕвездите, оваа година може да доживеете нова љубов, нова страст или да ја распламтите жарта со вашиот сегашен партнер.rnrnЕротски хороскоп за 2014-таrn

Овен

rnЗа вас ритамот на секојдневниот живот е премногу бавен, па постојано трагате по авантури. Во сексот сте неумерени, понекогаш премногу агресивни, но дефинитивно уживате. Сакате еротски игри, па во текот на целата година ќе ги практикувате забавувајќи се со вашиот партнер. Иако сакате да доминирате, оваа година ќе се трудите вашиот партнер да ужива повеќе одошто вие.rnrnВо средината на пролетта, можни се кратки авантури, но жестоки и без обврски. Колку и да сте во искушение, никако не почнувајте сексуален однос со некој од вашите колеги на работа. Оваа година особено ќе уживате во секс-позите во кои вие можете да го диктирате темпото. На почетокот на есента обидете се малку да го загреете партнерот. Ве очекува вистинска бура од страсти.rnrnАко сте без партнер, најмногу ќе ви одговараат личности без предрасуди.rn

Бик

rnПо природа сте мирни и сталожени, но во сексот сте како темпирана бомба. Поради вашите вештини и издржливост познати сте како одлични љубовници. Оваа година секс сигурно нема да ви фали. Ако сте во стабилна врска очекувајте да поминувате страсни мигови со вашиот партнер. Ако пак, подолго време сте сами, ве очекува возбудлива година. Зрачите со сексуална енергија, па спротивниот пол ќе биде како маѓепсан во ваше друштво.rnrnНа почетокот на пролетта вашиот сексуален апетит ќе се зголеми уште повеќе, па ќе прифаќате и врски за една вечер. Ќе имате прилики за нови познанства кои и тоа како ќе ви одговараат за вашиот љубовен живот.rnrnАко имате партнер играјте си со секс-играчки за да ја распламтите страста. Вашиот партнер ќе биде презадоволен, а вие ќе си ги задоволите вашите сексуални потреби.rn

Близнаци

rnМногу сте неодлучни заради што ќе имате емотивни проблеми. Меѓутоа, вашиот авантуристички дух ве прави исклучително интересен љубовник. За вас сексот е лесна тема и сосема добро се снаоѓате на тој план. Но, веќе подолго време сте тотално несреќни кога е сексот во прашање. Ова е година на промени. Имено, ќе запознаете личност на која не ќе можете да ѝ одолеете. Совршено ќе се сложувате во сè, а особено во сексот.rnrnАко пак веќе подолго време уживате во сексот, можете на почетокот на август да го изненадите вашиот партнер и да заминете на некое романтично патување за да ги распламтите страстите.rnrnЕсента ќе биде исто така интересна. Можеби ќе запознаете некој што сосема ќе ве обземе, но, ќе ви биде тешко да го задржите доколку не промените некои свои стари навики.rn

Рак

rnВие сте вистински мајстори за заведување и многу страсни љубовници. Кога сакате некого, се давате без резерви. Во сексот сте малку неодлучни, па партнерот често има чувство дека ве тера на љубовниот чин. Меѓутоа вие не се плашите од сексот, туку од неуспехот и фактот дека можеби нема да успеете да го задоволите партнерот. Имате среќа бидејќи ѕвездите ќе работат во ваша полза.rnrnАко немате партнер, оваа година најмногу ќе ве привлечат енергични и доминантни личности. Ќе запознаете некој кој ќе успее да ве однесе во свет полн со страст и еротика. Ќе уживате како никогаш досега. Опуштете се и препуштете се на страста. Нема да се покаете.rnrnАко пак имате партнер, обидете се заедно да оживеете некои еротски фантазии. Летото е идеално време за тоа. Одете на одмор, опуштете се и водете љубов на најнеобични места. Направете си го летото период кој ќе го паметите цел живот.rn

Лав

rnНе сте тип на личност која му се допаѓа секому, но не го ни посакувате тоа. Свесни сте колку сте посебни и специфични така што очекувате вистински кралски третман од вашиот партнер. Немате предрасуди и секогаш сте против општоприфатените принципи на однесување. Сакате секс, а квантитетот ви е важен исто колку и квалитетот.rnrnАко немате партнер, оваа година нема да можете да се одбраните од додворувачи, но ако можете, избирајте бикови, јарци или девици. Иако се плашите од заљубување конечно ќе можете да се искажете на тој план. Вашиот нов партнер ќе ве маѓепса па нема да можете да се одвоите од него. Сексот ќе биде совршен и многу ќе научите за него.rnrnАко имате партнер, вложете повеќе во должината на сексуалната предигра. Постојаната игра на заведување ќе ја засили вашата сексуална желба.rn

Девица

rnИако вашиот знак е симбол на невиност, во сексот сте сосема поинакви. Имате силно либидо и ослободени сте од секакви предрасуди. Понекогаш дури ви се случува да ги помешате љубовта и сексот, па затоа и сте подготвени на секс за една ноќ. Не се плашите да пробувате нови работи, а бидејќи брзо учите, можете да постанете вистински секс-мајстор.rnrnАко немате партнер, кон средината на пролетта ќе запознаете личност на која не ќе можете да ѝ одолеете. Немојте да мислите само на себе, потрудете се да биде задоволена и другата страна.rnrnАко имате партнер, потрудете се да испробате нешто ново оваа година. Опуштете се и уживајте со помош на еротски филмови и експериментирајте со секс-позите. Не срамете се бидејќи тоа ќе ве спречи да доживеете магични моменти со вашиот партнер.rn

Вага

rnЉубовта ви е најважна, но не ви се непознати ни сексуалните екскурзии. Иако на прв поглед делувате тромо и незаинтересирано, во кревет сте потполно различни. Уживате кога од љубовниот чин можете да направите артистички перформанс. Нема да се преоптоварувате со некакви предрасуди и искрено ќе верувате дека во сексот сè е дозволено.rnrnАко сте во врска или брак, би било добро да поразговарате со вашиот партнер за неговите потреби. Можеби него не му е пријатно во некои пози во кои вие уживате. Сослушајте го што има да ви каже и потрудете се да го усреќите.rnrnАко немате партнер оваа есен може да запознаете личност која ќе ви го смени животот. Иако вашата врска на почетокот може да се базира само на секс, веќе со стартот на зимата ќе почувствувате дека таа прераснува во еден стабилен и квалитетен однос. Затоа потрудете се да бидете искрени и не кријте ги вашите чувства. Во спротивно оваа личност може брзо да си замине од вашиот живот.rn

Скорпија

rnВие сте најеротичниот знак во зодијакот. Многу сте сексапилни и силно ги привлекувате луѓето од спротивниот пол. Бесрамни сте, отворени и со малку зборови давате до знаење што сакате. Не сакате да зборувате за време на секс, но обожавате воздишки.rnrnНа почетокот на годината може да имате проблеми со партнерот. Тој нема да може да ве задоволи, а вие нема да имате разбирање за тоа. Затоа ќе се обидете среќата да ја најдете во рацете на друга личност. Наместо тоа, обидете се да поразговарате со партнерот за да го решите овој проблем.rnrnАко сте сами, ќе запознаете некој кој сосема ќе може да го задоволи вашиот сексуален апетит. Сепак ако сакате да остварите квалитетна врска со оваа нова личност, ќе мора да поработите и на емоциите.rn

Стрелец

rnВие секогаш се заљубувате во личности со кои можете долго и опуштено да разговарате. Дури потоа се впуштате во сексуални игри. Иако минатата година имавте проблеми на емотивен план, оваа година сè ќе си дојде на свое место. Ве привлекуваат страсни личности и токму такви ќе запознавате на почетокот на летото. Ќе уживате во страсни прегратки и не чудете се ако се случи да водите љубов неколку пати во текот на една вечер.rnrnБидејќи оваа година ќе ве привлекува вкусот на забранетото овошје, бидете внимателни, бидејќи и една кратка сексуална авантура може да ја загрози вашата врска. Пред да ја побарате среќата со некој друг, прво решете ги несогласувањата кои ги имате со партнерот. После искрен разговор, тој може да се претвори во најдобриот љубовник на светот. Допирајте се, галете се, истражувајте си ги меѓусебно телата. Уживајте во она што го имате.rn

Јарец

rnЗа вашата сексуалност постојат многу заблуди. Причината за тоа се крие во фактот дека сте внимателни и во ништо не избрзувате, па ни во сексот. Вам ви е многу важно прво добро да го запознаете партнерот пред да одлучите да бидете интимни со него.rnrnИако минатата година имавте доста проблеми, во 2014 ќе ви бие многу полесно. Ќе запознаете личност која ќе биде многу посебна и поразлична од сите кои ги познавате, па нема да можете да се одвоите од неа. Можно е да имате и некои авантури настрана, но сето тоа ќе заврши прилично неславно.rnrnАко имате партнер не плашете се да му кажете што точно сакате за да ве усреќи. Потоа допуштете му да го направи првиот чекор и дозволете му и самиот да почне да фантазира. Трудете се да го подобрите сексуалниот чин со долга предигра и сочни бакнежи. Возбудата ќе расте, а вие сè повеќе ќе уживате.rn

Водолија

rnВам сексот ви е потреба. Најсреќни сте кога покрај себе имате личност која е подготвена да испроба сè што вие сакате. Сакате тајни врски, тајна љубов и сè што има призвук на забрането и мистично.rnrnИ оваа година од партнерот ќе очекувате да биде расположен за секс во секое време. Нема да обрнувате внимание на романтиката и амбиентот, ќе трагате само по чисто задоволство.rnrnАко немате партнер, на почетокот на август ќе запознаете личност која ќе ви го сврти паметот. Нема да ви се верува дека покрај себе имате личност за каква што сте сонувале цел живот. За првпат нема да ви биде важно да се задоволите себеси, туку прво да го усреќите вашиот партнер.rn

Риби

rnРомантични сте и не ги двоите сексот од љубовта. Внимателни сте и никогаш нема да направите нешто што не му одговара на вашиот партнер. Вашиот оргазам не е јак, туку прикриен, тивок и долготраен. Доста сте издржливи и понекогаш се изненадувате од себеси колкава енергија поседувате. Оваа година ќе сакате да доживеете нешто ново во сексот и нема да се плашите тоа да го реализирате.rnrnАко немате партнер, оваа есен ќе имате можност да запознаете личност која сосема ќе ви го промени животот. Вашиот однос на почетокот ќе биде базиран само на секс, но потоа ќе прерасне во сериозна и стабилна врска.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.