Ѕвездите и косата: Одберете ја совршената фризура за вашиот хороскопски знак

Сподели

Јарец

rnИсто како и Девиците, така и Јарците се перфекционисти и љубители на третманот со кератин. Тие сакаат чист и модерен изглед, како и традиционални бои и стилови кои се погодни и за работа и за вечерно излегување. Тие се току искусни во својата практичност, што многу лесно можат да го усовршат својот стил така што ќе му дадат завршен шик, резултирајќи со извонреден изглед.

Реклама

Совет: Ако имате долга коса, скратете ја и уживајте во вашиот нов изглед. Доколку имате кратка, оставете ја да порасне со цел да го освежите стилот.rn

Водолија

rnНепредвидливите Водолии, кои исто како Близнаците и Стрелците, најмногу ја ценат својата слобода, уживаат во пробување нови трендови и постојано менување на нивниот изглед. Токму затоа и често можете да ги видите со откачени и модерни фризури во неочекувани и неприродни бои.

Совет: Забавете малку и погледнете се во огледало со цел да ја видите целата убавина која ја рефлектирате и да се почувствувате поисполнето.rn

Риби

rnОвој ултра женствен знак е слаб на најновите трендови, но исто така сака и многу да се вклопи во околината. Рибите сакаат многу долги коси и фризури кои не бараат труд за одржување. Многу е лесно да ги натерате на промена, дури и кога не се сигурни дали навистина го сакаат тоа. Но, ако резултатот не е онаков каков што тие очекувале, тогаш лесно можат да се вознемират.

Совет: Одморете ја косата од сушење со фен и пеглање со цел таа да биде поздрава, а вие посигурни во себе.

Содржина /затвори

Популарно

Може ќе ве интересира