Факт е дека вашите браќа или сестри ви се првите пријатели во животот, без разлика дали ви се допаѓа тоа или не. Доколку сте среќлии, можеби вие сте и неверојатно блиски, меѓусебно си ги довршувате речениците и комуницирате низ серија од интерни шеги, кои само вие ги разбирате. Тие ви го чуваат грбот во секој момент од животот и вие го правите истото за нив.rnrn
rnrnОд друга страна, вашиот однос можеби не е ни приближно идиличен. Константи несогласувања, префрлувања за секоја ваша одлука во животот и нездрави споредби, се само дел од работите коишто им се случуваат на оние кои не се во добар однос со нивните браќа/сестри. Доколку повеќе се пронаоѓате во овие вториве, тогаш најверојатно вашиот брат или сестра не се родени во некој од овие 3 хороскопски знаци, бидејќи во спротивно не би се соочувале со проблеми од ваков вид.rnrnДоколку вашиот брат или сестра е во хороскоп вага, риби или бик (па дури и рак и девица, кои се наоѓаат веднаш во листата зад овие три), сметајте дека сте родени под среќна ѕвезда. Голема е веројатноста дека треба да им се заблагодарите што се толку лојална и цврста потпора во вашиот живот. Доколку пак вие сте родени во некој од овие знаци, тогаш дефинитивно треба да ја искористите приликава да им се пофалите, праќајќи им ја оваа статија.rnrnСекое дуо или група од браќа/сестри е различно, со сопствен сет на компатибилни и некомпатибилни карактеристики. Како и да е, има нешто специјално кај овие 3 хороскопски знаци, коишто генерално кажано, ги прават да бидат фантастични членови на секое семејство. Продолжете да читате, за да дознаете зошто е тоа така.rn
Вагата е импресивен миротворец
rnВагата ги содржи сите карактерни особини коишто би посакале да ги имаат вашиот брат или сестра. Нив им е многу важно да одржат пријатен однос со најблиските и грижливо ги градат односите. Не само што е едноставно невозможно да слушнете дека некоја вага изневерила некој што ѝ е важен во животот, туку таа истовремено е способна и да се справи со секое недоразбирање како ангел, решавајќи го секој проблем со леснотија.rnrnВоедно, вагите генерално се и луѓе со кои е многу забавно да го поминувате вашето време. Нивниот шарм, досетливост и добро расположение ги прават фантастични луѓе, кои сакате да ви бидат во близина. Доколку сте доволни среќни да имате вага за брат или сестра, сметајте дека имате неограничен извор на смеа и забава.rnrnИ покрај тоа што може да ви досади да гледате како извонредната вага ги маѓепсува сите околу себе и прави да се чувствувате како помалку интересниот брат или сестра во семејството до крајот на животот, вие сепак и понатаму ќе ѝ се восхитувате на нејзината генијалност и ќе бидете горди што сте во семејна релација со нив. Вагите не го држат алчно центарот на вниманието, напротив, тие ќе се погрижат да бидат забележани и вашите таленти.rn
Рибите имаат дарежливо срце
rnДоколку вашиот брат или сестра е риби во хороскоп, тогаш вие имате бескраен извор на љубов, нежност, наклонетост и разбирање до крајот на животот, дури и без да се трудите да го добиете тоа од нив. Рибите ќе го забележат сето она што е убаво кај вас, дури и ако вие самите не можете да го видите тоа. Тие ве ценат како нивни брат или сестра, согледувајќи дека сте редок, незаменлив скапоцен камен, за којшто се среќни што е дел од нивниот живот. Рибите навиваат за вас и вашите успеси и секогаш ќе ви ја понудат нивната поддршка. Доколку некогаш нешто ви е потребно, вашиот брат или сестра роден/а во хороскопскиот знак риба, е првата личност на којашто ќе ѝ се обратите. Воедно, на овој знак можете да му кажете буквално сè, бидејќи нема апсолутно никогаш да ве осуди.rnrnНивната мечтателска, сонлива природа може понекогаш да ви засмета и да ве нервира, особено кога сакате да бидат посериозни околу некоја работа, за промена. Како и да е, на крајот од денот, знаете дека секогаш ќе бидат тука, за оние нешта кои навистина се важни.rn
Бикот е лојална карпа
rnДоколку имате брат или сестра родени во знакот бик, тогаш вие навистина имате личност којашто секогаш ќе ви го чува грбот и ќе се бори за вас со сите можни сили. Биковите сериозно ги сфаќаат луѓето коишто ги сакаат, а бидете сигурни дека вас дефинитивно ве сакаат, од проста причина што сте им најблиска фамилија, па дури и да немате ништо заедничко. Лојалноста за нив не е нешто коешто ќе се обидат да ви го интерпретираат или докажат – тие или се или не се лојални! Едноставно кажано, вашите непријатели се и нивни непријатели.rnrnСигурно не треба да ви објаснуваме колку тврдоглав бикот знае да биде. Кавгите со него може да ви предизвикаат сериозни главоболки и најверојатно имате чувство дека никогаш нема да победите. Но, колку и да ве фрустрира понекогаш, имајте на ум дека никогаш ништо нема да го спречи бикот, да ви даде безусловна поддршка во животот за што и да ви е потребна.rnrnВо продолжение прочитајте и кои хороскопски знаци ги даваат најдобрите совети.
