5 работи за кои не треба да трошите многу пари и 5 работи кои за треба

Сподели

Замислете дека седите некаде со друштво, си разговарате и се присетувате на некои работи од минатото. Дали со носталгија се присетувате кога сте купиле нов телевизор или телефон, или на некоја случка која има посебно место во вашите спомени? Така станува јасно на што вреди да се трошат пари, а на што не.

Реклама

rn

Не вреди да се трошат многу пари на…

rn

1. Електронски направи

rnЕлектронските направи се многу потребни во денешно време, но не мора да се трошат многу пари на нив. И евтините уреди можат да ја извршат истата функција за помалку пари, додека скапите не носат поголемо задоволство. И онака веќе следната година ќе излезе нов поубав смартфон, па зарем вие постојано ќе купувате нов иако стариот добро ја врши истата работа како и новиот?rn

2. Декорирање на домот

rnПостојано излегува некој нов помодерен начин на украсување на домот со нешто ново. Истото можете да ги направите и без да потрошите илјадници денари користејќи ја сопствената креативност или помошта од некој близок.rn

3. Автомобил

rnКаков автомобил и да купите, тој ќе ве однесе од точка А до точка Б, и толку. Па сега сами размислете колку често треба да го менувате автомобилот за тој да биде нов и убав и што ќе постигнете со тоа.rn

4. Облека по последна мода

rnНе треба да имате чувство на вина поради тоа што сакате постојано да си купувате нови парчиња облека, но ако запнете да купите нешто супер скапо, тогаш треба да имате предвид дека што и да е тоа сигурно нема да ви донесе задоволство кое ќе биде правопропорционално со цената.rn

5. Накит

rnУбаво е да се има убав накит за некои прилики, но повторно, не вреди да се трошат премногу пари за нешто кое ретко се употребува и не може да ве исполни.

rn

На што треба да се трошат пари?

rn

1. Едукација

rnУчењето нови работи ќе ви го прошири погледот на светот и ќе ви овозможи работите да ги гледате и искусите на поинаков начин. Разните курсеви и семинари понекогаш се доста скапи, но има такви кои навистина вредат за парите, а она што ќе го научите ќе ви овозможи и многу добри искуства понатаму. На пример, со курсот по странски јазик ќе можете да комуницирате со странци и сл.rn

2. Патување

rnПатувањето дава некои од најдобрите искуства за кои човек може да мечтае. Излегувањето од комфорната зона и запознавањето на светот носи возбуда од која лесно остануваат спомени. За тоа требаат пари, но вреди да се потрошат за едно такво искуство.rn

3. Музика

rnНе двоумете се дали да потрошите пари за да научите да свирите на некој инструмент. Можеби добро ќе ви тргне и тоа ќе биде нешто на кое ќе ги учите вашите деца и внуци. Исто така би можеле да посетите концерт на некој изведувач кој не го познавате добро, па можеби после тоа секојдневно ќе уживате со неговата музика.rn

4. Книги

rnМожете да купите и користени книги, можете и да ги позајмите од библиотека, но ако никаде не можете да го најдете она што сакате да го прочитате, дозволете си да платите малку повеќе. Книгите се средство за патување во нови светови додека сте удобно сместени некаде и затоа вредат за парите.rn

5. Храна

rnВреди да се потроши некој денар повеќе за здрава или за вкусна храна. Вреди да се потрошат пари на поздрава храна поради придобивките за здравјето, но секако дека може да потрошите и на некој вкусен специјалитет кога патувате некаде. Убавите вкусови долго се паметат.

Популарно

Може ќе ве интересира