Припадниците на овој хороскопски знак го опсипуваат партнерот со внимание и нежност, особено кога се сами и никој не ги гледа. Кога сакаат некого, сакаат со цело срце.rnrn
rnrnСтанува збор за луѓето родени во хороскопскиот знак Овен.rnrnТие знаат што сакаат во животот, a кога сакаат нешто, ќе сторат сè за да го добијат. Овните се многу страсни. Иако на партнерите им се чини дека страста во нив стивнала, Овните се многу вешти во разгорување на страста.rnrnАстролозите ги нарекуваат Овните „тајни романтичари“ затоа што на почетокот на врската не изгледаат така. Тие се многу реалистични и одлучни и ги кријат своите емоции, но кога ќе наидат на сродна душа, сите тие емоции излегуваат на површина.rnrnЖивотот со Овен е многу возбудлив и динамичен, а од друга страна, многу сигурен. Партнерите знаат дека може да се потпрат на нив во тешки животни ситуации и дека ќе се жртвуваат за нив ако е потребно.rn
Малку се љубоморни
rnОвните може да се чувствуваат несигурни ако мислат дека некој може да го „киднапира“ нивниот партнер. Тие имаат тенденција љубоморно да изразуваат незадоволство ако забележат дека некој флертува со саканата личност.rnrnОвните ја сакаат сродната душа само за себе, но понекогаш се премногу горди за да покажат дека им недостасува таа личност.rn
Како да заведете Овен?
rnСтанува збор за многу активни поединци на кои им треба партнер со слични карактеристики, кој може да биде во чекор со нив. Покрај тоа, Овните имаат многу изразено его и сакаат да бидат во центарот на вниманието.rnrnКога станува збор за додворување, луѓето родени во овој хороскопски знак сакаат да бидете смели и агресивни. Не барајте дозвола за бакнеж – искористете го моментот. Колку е подиректен вашиот пристап, толку подобро.rnrnИсто така, Овните се чувствителни на пофалби. Тие сакаат да слушнат дека се најсекси во просторијата, најдобри во нешто и сл. Ако штотуку запознавте Овен што ви се допаѓа, слободно спротивставете му се. Страсните дискусии дејствуваат на нив како афродизијак.rnrnПрочитајте кои хороскопски знаци ќе ја пронајдат својата сродна душа оваа пролет.