Дали се обидувате да ја пронајдете сродната душа, но ви изгледа како постојано да завршувате со погрешната личност? Најверојатно треба да ги промените вашите приоритети кога станува збор за наоѓање партнер. Вашиот хороскопски знак може да ви открие зошто постојано се вљубувате во погрешни личности, но и како да го пронајдете совршениот партнер.rnrn
rn
Овен
rnВие претпоставувате дека треба да се гледате со некој кој е авантурист и кој има енергија колку и вас. Но, во реалноста, понекогаш е добро да бидете со личност која е целосно спротивна на вас. Ова ќе ви помогне да се вратите на Земјата и вистински да се опуштите.rn
Бик
rnДури и кога инстинктот ви кажува дека нешто не е во ред, вашата тврдоглавост ви стои на патот, особено ако станува за личност која е „добар улов“. Вашата желба да ја ширите љубовта и топлината често ви ја намалува способноста да размислите дали таа личност е вистинската за вас.rn
Близнаци
rnВам ви оди одлично запознавањето нови луѓе, но штом некој ќе се обиде да ве запознае подобро, вие го бркате со цел да се заштитите. Она што ви е потребно е личност со доволно дебела кожа којашто ќе може да ве предизвика кога сакате да избегате од сопствените чувства.rn
Рак
rnВие тежнеете кон луѓе на кои им е потребна грижа, особено оние кои се фокусирани само на себе. Она што навистина ви е потребно е партнер за којшто ќе треба да се грижите, но кој истовремено ќе се грижи и за вас.rn
Лав
rnВие сте роден лидер и можете да постигнете што и да посакате. Но, често завршувате со луѓе кои автоматски се согласуваат со вас. Во реалноста потребна ви е личност која стои на своето исто колку и вие и која може да ве одбие дури и кога не сакате да го слушнете тоа.rn
Девица
rnВие имате проблем со претераното размислување, а оваа навика преживува бидејќи се камуфлира со вашата интелигенција. Иако ви изгледа во ред да бидете со пасивна и смирена личност, вам ви е потребен партнер кој ќе биде овде за вас и со кој ќе можете да разговарате за сите ваши мисли.rn
Вага
rnНајчесто вашиот шарм е најистакнатата особина што ја имате, но може да ве направи нарциси. Иако е вистинско искушение да се гледате со личности кои никогаш нема да ги истакнат вашите недостатоци, понекогаш ви е потребна личност која ќе ве врати во реалноста и ќе ви каже каде грешите.rn
Скорпија
rnВие сте навикнати нештата да бидат по ваше, а поради ова завршувате со многу добри, но несигурни партнери. Со цел во вашата врска да постои рамнотежа, потребно е да бидете со личност која ќе ве сака онакви какви што сте и која нема да дозволи последната одлука секогаш да биде ваша.rn
Стрелец
rnВие сте оптимисти и радосни, па привлекувате токму вакви луѓе. Но колку и да е важна забавата, врската треба да биде длабока и приземјена за да трае. Вам ви е потребна личност која ќе ви помогне да ги поминете тешките периоди без да ја украде вашата искра.rn
Јарец
rnВашата независност ви е најважното нешто, и тоа е одлично. Но, состанувањето со вакви луѓе значи дека вашата врска ќе напредува многу бавно. Совршениот партнер за вас е личност која ќе ви помогне да излезете од школката без да чувствувате како да се губите себеси во процесот.rn
Водолија
rnПонекогаш тоа што сакате да се заштитите го вади најдоброто од вас. Ова значи дека кога нештата се премногу напнати, вие се обидувате да ги блокирате чувствата кои се појавуваат. Наместо да бидете со личност која прави да се чувствувате безбедно и во контрола, потребен ви е некој кој нема да ви дозволи да избегате кога нештата ќе станат посериозни.rn
Риби
rnСекогаш сакате да им помагате на другите без да барате нешто за возврат. Проблемот е што многу луѓе го чувствуваат ова, па ве искористуваат. Во целиот процес, дури ќе ве убедат дека вие сте проблемот. Вам ви е потребна личност која ќе ја цени и почитува вашата дарежливост, но и која ќе ве сака поради вас, а не поради она што можете да го направите за неа.rnrnДознајте и зошто постојано избирате погрешни мажи според вашиот хороскопски знак.
