Кога некој ќе направи огромна грешка, дали му давате втора шанса? Многу фактори влијаат на тоа дали можете да простите и да заборавите, но одлуката може да зависи и од тоа колку сте блиски со личноста и од степенот на штетата што ја предизвикала. Но, тоа исто така може да има врска со астрологијата. Прочитајте кои хороскопски знаци никогаш не простуваат и не даваат втора шанса.rnrn
rn
1. Бик
rnБиковите никогаш не започнуваат врска многу брзо, но може брзо да одлучат да ја прекинат. Тие не даваат втора шанса затоа што премногу се почитуваат за да го сторат тоа.rnrnШтом Бикот ќе одлучи нешто, многу е тешко да го натерате да го смени своето мислење. Ако Бикот смета дека тоа што сте го направиле е непростливо, откако ќе одлучи да прекине со личноста што го повредила, нема да се премисли.rn
2. Скорпија
rnАко имате потреба од втора шанса со Скорпијата, веројатно сте ја изневериле или сте ја нарушиле нејзината доверба. Овие личности прво полудуваат, но потоа стануваат рамнодушни.rnrnТие нема да престанат да се лутат само затоа што вие ќе кажете дека ви е жал или дека ќе се потрудите да ги подобрите работите. Скорпијата нема да даде никому втора шанса само за повторно да не биде повредена.rn
3. Рак
rnРакот е песимист, особено во врска со вторите шанси. Овие личности можеби некому му дале втора шанса во минатото само за повторно да бидат повредени. Едно уништувањето на довербата и кршење на срцето е повеќе од доволно за Ракот.rnrnАко Ракот му прости на партнерот кој го изневерил и му дозволи да се врати во неговиот живот, тој постојано ќе се сомнева и ќе очекува дека партнерот повторно ќе го стори истото. Подобро е да ја научите лекција и да продолжите понатаму.rn
4. Јарец
rnЈарците не мислат дека е нивна работа да ги решаваат туѓите проблеми. Ако направите некаква грешка, Јарецот се надева дека ќе научите нешто од тоа искуство, но не очекувајте повторно да има место за вас во неговиот живот.rnrnЈарците знаат дека втората шанса понекогаш е добра, но на личноста која ги повредила ѝ посакуваат сè најдобро, само не заедно со нив.rn
5. Лав
rnЛавот е оптимист и е многу љубезен, но ретко дава втора шанса. Овие личности мислат дека кога некој ќе ви го покаже вистинското лице, треба да му верувате. Ако некој ви предизвикал болка, таа личност треба целосно да ја отстраните од вашиот живот.rnrnАко овие личности им даваат втора шанса на сите, можеби ќе пропуштат нешто подобро.rn
6. Девица
rnДевицата многу добро знае што сака од партнерот или од пријателот. Кога некоја личност ќе направи грешка, припадниците на овој хороскопски знак нема да сакаат да имаат ништо со неа и тогаш е готово. Нема враќање назад и обидување да ги подобрите работите – со вас е завршено.rnrnДевицата е доволно критична за себе и не сака да биде одговорна и за вашиот развој. Вашата шанса да бидете дел од нејзиниот живот е веќе искористена.rnrnПрочитајте како секој хороскопски знак го поднесува раскинувањето.