КАФЕ ПАУЗА

Необични употреби на дезодорансот кои сигурно никогаш не би ви паднале на памет

Written by

in

,

Едно од нештата во вашиот дом кои можете да ги искористите за многу работи е дезодорансот, но малку луѓе знаат за неговите алтернативни употреби. Погледнете ги овие 5 помалку познати, но дефинитивно одлични начини на кои можете да го употребувате дезодорансот во стик…rnrnНеобични употреби на дезодорансот кои сигурно никогаш не би ви паднале напаметrn

1. Против плускавци

rnНанесете го дезодорансот на местото каде што вашите чевли ве притискаат и каде што очекувате дека би можел да се појави плускавец. Тој ќе делува како бариера помеѓу кожата и чевелот и ќе го спречи појавувањето на плускавците.rn

2. Против непријатна миризба на стапалата

rnНамачкајте ги вашите суви табани со дезодоранс пред спиење и следниот ден тие нема воопшто да се потат, а со тоа и ќе ја спречат појавата на непријатната миризба.rn

3. Против потење под градите

rnДамите со големи гради често имаат проблем со потењето под градите, но тоа можете многу брзо да го решите така што ќе нанесете мал слој од дезодорансот под нив, пред да облечете градник. Кога сме кај потењето, со него можете дури и потењето околу коренот на косата да го спречите. Само во овој случај користете проѕирен дезодоранс со цел да не се забележува на вашата коса.rn

4. Против врати кои чкрипат

rnНамачкајте ги шарките на вратите со дезодоранс со цел да го отстраните здодевниот звук на чкрипење при нивното отворање.rn

5. За освежување на шкафот

rnДезодорансот може да послужи и како освежувач на вашиот шкаф. Сè што треба да направите е да го тргнете неговото капаче и да го оставите во аголот од полицата со цел да го исполни со пријатна миризба.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn