Ви досадија постојано истите фотографии од патувања? Руската блогерка и танчарка Нина (@Ninelly) исто така се заситила од добро познатите сцени и на своето второ патување во Венеција се сетила на една одлична идеја. Наместо повторно да позира пред истите музеи, цркви, улици и другите туристички дестинации, овој пат се фокусирала на својот моден избор и избрала совршени италијански модни комбинации.rnrn
rnrnЦрвеното здолниште го сошила за еден танцувачки настап, кошулата ја позајмила од својата мајка, а шеширот го купила во Венеција. Ова била прва во низата фотографии со кои на својот блог и Инстаграм профил ги раскажала своите „приказни со фустани“ (#mydressstories).rnrn
rnrnПосле Венеција, следела Црна Гора, па Индија, Израел, Шпанија. А, на секое патување блогерката избирала фустани кои на некој начин ја опишуваат земјата во која се наоѓа.rnrn
rnrnНекои од нејзините фотографии се создадени спонтано, додека други се добро испланирани.rnrn
rnrnБоите на нејзините фустани секогаш се силни и впечатливи, а материјалите лелеави за фотографиите да излезат разиграни и живописни.rnrn
rnrnОва никако не се обични фотографии од патувања, туку уникатни сцени во кои е тешко да престанете да гледате. Секоја фотографија изгледа подобро од претходната и ве тера со нетрпение да ја очекувате нејзината следна објава.rnrn
rnrnПродолжете на следната страница за да погледнете уште неколку фотографии од прекрасни дестинации и уште попрекрасни фустани.rnrn
Запознајте ја блогерката во чии фотографии главниот збор го имаат фустаните
