Канаѓанката Софија Молнар после 13 годишното живеење во Јапонија, ја открила и другата страна на јапонскиот специјалитет – сушито, и почнала да изработува неверојатни минијатурни прстени. Необичните прстени на кои се послужени разни видови јадења од суши, колачиња, кафе се вистинско креативно уживање. Тие изгледаат толку вкусно, што веднаш ќе посакате да ги вкусите!rnrn
rnrnСекој прстен е уникатен и правен со посебна внимателност. При рачната изработка, Софија користела различни видови пластика, метал, керамика и уште многу други материјали. Прстените се наменети да се носат во специјални прилики – кога сакате да се забавувате и да изгледате интересно, или пак едноставно кога сакате да внесете малку живост во вашиот живот. Овие необични прстени воопшто не се скапи, и можете да ги купите преку интернет.rnrn


rnrnПрстените може да ги комбинирате со обетки, магнети, копчиња направени во препознатливиот стил на Софија.rnrn
Погледнете уште некои од вкусните прстени на Софија.





rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
