КАФЕ ПАУЗА

Филм: Транс (Trance)

Филм: Транс (Trance)

Written by

in

,

Што сакате да запомните, а што сакате да заборавите?rnrnФилм: Транс (Trance)Режија: Дени БојлrnrnУлоги: Џејмс МекАвој, Росарио Досон, Винсент КеселrnrnВреметраење: 101 минутаrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 25 април 2013rnrnЖанр: психолошки трилер, крими драма, мистеријаrnrnНаша оценка: 10/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn

rnРежисерот Дени Бојл беше отсутен долго време, уште од 2010 година кога излезе брилијантниот „127 часа“, а сега се враќа со подеднакво добар филм. Неговиот „Транс“ е крими психолошки трилер со извонредно изработена приказна која полека се расплетува исфрлајќи по некое изненадување од себе, притоа не губејќи од својот интензитет и енигматичност.Филм: Транс (Trance)Главен лик е Сајмон, аукционер на уметнички слики кој не се занимава со криминал, но во соработка со неколку криминалци краде едно скапо дело од сопствената аукциска куќа. По извршувањето на кражбата треба да им ја предаде ним, но додека бега се конфронтира со Френк (Винсент Кесел), водачот на криминалната група од кого добива удар во главата по кој се онесвестуваФилм: Транс (Trance)Кога ќе се разбуди сфаќа дека сликата не е веќе кај него, но не памети каде ја оставил. Криминалците го киднапираат, го мачат, но тој никако да се сети. Најпосле Френк му предлага да се подложи на хипноза за конечно да му текне каде се наоѓа скапото уметничко дело од кое може многу да се заработи. Немајќи друг излез, тој прифаќа и влегува во авантуристичко патување во длабочината на своите мисли, не знаејќи што сè може да излезе оттаму.Филм: Транс (Trance)Претходниот пасус би требало да ве воведе во случувањата во филмот, но немојте да се лажете дека сега знаете што ќе се случува или дека можете да погодите каков ќе биде расплетот. Режисерот Дени Бојл си играше со емоциите на гледачите во „Милионерот од предградието“ и во „127 часа“, а сега мајсторски си поигрува и со нивниот ум. Во овој психолошки трилер ќе видите такво брилијантно раслојување на комплексна приказна која постојано ќе ве изненадува со нови пресврти, па ако уживате во мистериозни психолошки трилери, тој ќе ви донесе само воодушевувањеФилм: Транс (Trance)Транс“ нема кој знае колку акција, ликовите и дијалозите се одлично изработени, а околу себе ја носи и аурата на мистериозност од хипнозата. Во секој момент го бара вашето целосно внимание, особено во сцените со хипноза, кога за момент сте во длабочините на умот на Сајмон, а во следниот се враќате во реалностаФилм: Транс (Trance)Ако уживавте во психолошки трилери, како на пример „Несакани ефекти“, и овој сигурно ќе ви се допадне. Впрочем, ќе поминете возбудливи стотина минути во кои умот ќе ви се сврти неколку пати. Ова е еден од оние филмови што ќе ви го направат ќеифот, а потоа ентузијастички ќе им го препорачувате и на другите да го гледаат. Филм: Транс (Trance)
rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn