Улична уметност која станува комплетна само навечер

Сподели

Уличната уметност не е веќе интересна само заради тоа што често се појавува на забранети места. Таа во последно време се комбинира со околината и на тој начин создава интересни илузии и дела кои се комплетни само кога се набљудуваат во целина.Таков е случајот и со уметничкото дело на артистот Above кој нацртал брејк денсер кој се потпира на сенката од еден уличен знак во Лондон. Секако, сенката е видлива само навечер, па денски изгледа како тој да лебди во воздух, додека навечер создава илузија дека се потпира на сенката од знакот.Му биле потребни 7 месеци за да ја пронајде совршената локација.rn

Реклама



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Најново

Може ќе ве интересира