Во споредба со целиот универзум, ние луѓето, како и планетата што ја населуваме, сме навистина мали. Токму поради ова сме воодушевени од пространоста на универзумот и сè во него што чека да биде истражено.rnrn
rnrnОние кои се восхитени од оваа реалност, ќе бидат навистина задоволни од илустрираниот приказ на видливиот универзум во чиј центар е сместен Сончевиот систем.rnrnОд Science Alert изјавиле:rn
„Околу Сончевиот систем се наоѓаат внатрешните и надворешните планети, Кајперовиот појас, Ортовиот облак, ѕвездата Алфа Кентаур, галаксијата Млечен Пат, галаксијата Андромеда, други галаксии кои се наоѓаат во близина, космичката мрежа, космичката микробранова радијација и невидливата плазма произведена од Големиот прскот на самиот раб.“
rnОваа неверојатна илустрација е создадена од музичарот и уметникот, Пабло Карлос Будаси. Сликата е направена според логаритамски мапи од познатиот универзум кои се споени од истражувачи од Универзитетот Принстон, како и од некои материјали обезбедени од НАСА.rnrnМапата на истражувачите од Принстон е заснована на податоци од телескопот Sloan Digital Sky Survey. Во изминатите 15 години се користел оптичкиот телескоп во опсерваторијата во Ново Мексико со цел да се мапира универзумот. Вклучен е спектарот на повеќе од 3 милиони астрономски објекти.rnrnИако научниците немаат проблем со логаритамските мапи, на јавноста ѝ е тешко да ги сфати. Токму поради ова Пабло решил да ја направи илустрацијата. Тој бил инспириран да ја направи во форма на круг додека правел хексафлексагони за роденденот на неговиот син. Хексафлексагоните се полигони од хартија со голем број лица.rn
„Кога ги правев хексафлексагоните за роденденот на син ми, почнав да го цртам централниот дел од универзумот и Сончевиот систем. Тој ден ја добив и идејата за логаритамската мапа, па во следните неколку денови ја направив илустрацијата користејќи Фотошоп, фотографии од НАСА и текстури кои ги направив јас.“
rnСите знаеме дека универзумот крие многу тајни, па погледнете кои се најголемите нерешени мистерии за универзумот.
