Времето веќе си го прави своето. Полека се олабавуваме од обврските, размислуваме за жешки плажи, бистри води, длабоки сенки… Истовремено, ги трошиме последните сили да ја избереме најдобрата дестинација за да се наградиме за трудот што сме го вложиле од претходниот одмор па наваму. Изборот секако зависи од многу работи, но кога парите, не би биле пречка, вака би изгледал сечиј одмор од соништата.
Ова маестрално архитектонско дело е составено од шест делови, поврзани во низа, опколени со природна вегетација, драматични карпи, колоритни градини и поглед кон плажа. Вилата Мандаринас е лоцирана во Пуерто Валарта, Мексико. На располагање има 7 соби за изнајмување во кои комотно можат да се сместат до 14 возрасни луѓе. Единствениот проблем со ова место е што ако еднаш отидете, ќе ви биде многу тешко да се вратите назад. Но, ако веќе сте таму, не заборавајте да ја посетите и неверојатна вила во Коста Карејес. 🙂















rnrn——————————————————————————————————————————————————————-rnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Совршена дестинација за одмор од соништата
