КАФЕ ПАУЗА

Кое е идеалното време за пиење на утринското кафе?

Кое е идеалното време за пиење на утринското кафе?

Според едно истражување спроведено од американскиот Универзитет за воена медицина, внатрешниот часовник на луѓето, најдобро реагира на кафето по 9 часот наутро.rnrnКое е идеалното време за пиење на утринското кафе?rnrnСпоред добиените резултати од истражувањето најдобар период за пиење кафе во денот е помеѓу 9:30 и 11:30 часот, како и во периодот помеѓу 16:30 и 18:30 часот. Како причина за ова го навеле кортизолот, хормон кој ја зголемува будноста, кој во тој период е на најниско ниво.rnrnКортизолот многу лесно реагира на кофеинот, па затоа треба да се внимава на времето на пиење на првото кафе. Луѓето кои го пијат првото кафе помеѓу 8 и 9 часот наутро, кога кортизолот е на највисоко ниво, развиваат толеранција на кофеин, со што се намалува неговото дејство.rnrnПа така, колку е повисоко нивото на кортизолот, толку е поголем ризикот да се збогувате со придобивките од кофеинот. На овој начин кафето почнува да не делува, па телото бара да се напиете нова шолја за да се разбудите.rn
rn

„Како што не треба да претерувате со лекови, така не треба ни да претерувате со кафето. Треба да го темпирате времето, а не да пиете кога телото е најмногу будно, бидејќи тогаш ќе дојде до контраефект“ – објаснува неврологот и научник, Стивен Милер.

rnСепак, тој наведува дека нивото на кортизол во текот на денот варира од еден до друг човек, па така и најдоброто време за пиење кафе, исто така се разликува кај различни луѓе. Така на пример, кај луѓето кои стануваат многу рано нивото на кортизолот опаѓа порано, во однос на оние кои стануваат подоцна.rn
rn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.