Оваа компактна, но прекрасно дизајнирана шумска куќа е идеално место за повлекување од бучното секојдневие. Со волшебен поглед кон езерото, едноставно ќе ве остави без здив. Изградена е од дрвен материјал кој совршено се вклопува во природната околина. Сместена е на Олимпискиот Полуостров во Вашингтон и располага со околу 178 квадратни метри. Вилата е проект на „BjarkoSerra Architects“, а за неговата реализација се искористени модерни елементи во комбинација со природно кедрово дрво.rnrn
rnrnЕдноставната занесеност на амбиентот и фините простории со огромни прозорци придонесуваат за мирната и топла атмосфера. Шумот на елките, грубите штици, стеатитот и бетонот даваат свој придонес за волшебноста на оваа викенд вила. Но сепак, најуникатна идеја е галеријата за набљудување, која нуди незаборавен поглед кон мирното езеро. За да се изгради куќата, на нејзината локација не биле сечени дрвја ниту пак било уништено земјиштето со цел да се зачувува животната средина. Едноставно, неодоливо!rnrn












rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
