Катерина Плотникова е руската фотографка која стои зад овие прекрасни фотографии, направени со помош на вистински животни. Сигурно се прашувате како тоа ѝ успеало и веќе претпоставувате дека проектот се одвивал успешно благодарејќи на присуството на професионалните тренери за животни. Без разлика на тој сегмент, фотографиите на Плотникова сами по себе, поседуваат таква мистериозност и магичност, што дефинитивно ќе ве остави без здив.rnrn
rnrnДоколку поубаво ги разгледате фотографиите, ќе забележите како мечката – симбол на сила и инстинкт, е спротивставена со елегантната и нежна принцеза, создавајќи прекрасна композиција. За да изнајдете уште такви моменти, ви препорачуваме да ги разгледате сите фотографии на Плотникова во галеријата подолу. Уживајте!rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

















