Монтажна куќа за живеење која се склопува за само 4 часа

Сподели

Докторот Мајк Пејџ ја има конструирано оваа компактна куќа „QB2“ со јасна идеја, да се реши проблемот со станбениот простор во Велика Британија. Оваа монтажна куќа е висока 3, а широка 4 метри и во неа е предвидено да живеат максимум двајца. Најинтересно е тоа што може да се склопи за само 4 часа.

Реклама

За цена од 12.000 евра ќе добиете дневна соба, бања, кујна и спална соба, а собите се распоредени на три нивоа. Скалите во куќата служат и како простор за складирање работи, а секое ќоше е паметно искористено. Зависно од мебелот кој сакате да го вклучите во вашата куќичка, цената може да достигне и до 53.000 евра.

Главна предност на оваа куќа е тоа што за нејзиното поставување во Велика Британија не е потребна дозвола, бидејќи е пониска од 4 метра. Поради своите димензии, во Британија оваа куќа има ист статус како приколка, па се очекува да биде голем хит.rn
rn

„Куќата ‘QB2‘ е практична и едноставно се склопува. Доколку некој знае да склопи полица купена од ИКЕА, ќе може да ја склопи и оваа куќа“ – вели Пејџ.

rnrn
rn


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Популарно

Може ќе ве интересира