Давид Редон е уметник, кој живее во Париз и кој стои зад овој оригинален проект. Во серијата фотообработки со наслов Ads Libitum, тој ги монтира светски познатите ѕвезди во ретро реклами користејќи го она по што тие се најпознати, за да промовираат одреден ретро производ или движење.rnrn
rnrnДејвид почнал да работи на проектот минатото лето и вели дека во просек, му се потреби еден до два часа за да создаде една реклама. Најпрвин истражува и наоѓа ретро реклами кои му се допаѓаат, а потоа со помош на Фотошоп, во нив ги додава и познатите ѕвезди. Понекогаш благо ја менува позадината и додава свое лого. Ако сакате да видете повеќе од работата на Давид, погледнете го неговото портфолио.rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.














