Кога фотографката Амина Арсакова забележала фотографија од младата девојка Амина Епендиева во еден трговски центар, таа била заинтригирана од нејзината уникатна убавина. Епендиева има две ретки генетски состојби: албинизам и хетерохромија. Албинизамот е состојба која ја намалува количината на меланински пигмент во кожата, очите и косата. Хетерохромија е термин кој се користи за состојба во која едно лице има различни бои на очите. Во нејзиниот случај, таа има бело-руса коса и бледа кожа со едно сино и едно кафено око.rnrn
rnrnФотографката сакала да направи фотосесија со младата девојка, па со малку пребарување успеала да го пронајде телефонскиот број на мајката на девојката. Потоа, тие закажале термин за фотосесија и фотографката вели дека Епендиева се покажала како многу мирна девојка.rnrnАрсакова се запознала со младата девојка додека траела фотосесијата. Иако таа сакала да дознае повеќе детали за нејзиниот изглед, тоа не било возможно. Фотографката се надева дека во иднина тие ќе можат да организираат нова фотосесија и да разговараат во поопуштена атмосфера.rnrnПогледнете ги фотографиите кои го доловуваат нејзиното примамливо и срамежливо лице.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПогледнете ги овие портрети од луѓе со пеги.
Портрети кои ја истакнуваат уникатната убавина на една девојка со албинизам и хетерохромија
