rn6. Вашиот дом ќе добие сосема нова димензија доколку му додадете само една „гламурозна“ домашна билка. Малку зеленило во просторијата автоматски дава впечаток на шик и добар вкус.
7. За да не изгледа како никој да не живее во тој дом, оставете неколку несовршени детали. Отворена книга, лежерно спуштена салвета покрај чинијата… Овој начин е сличен како првиот, со „неуредните“ перници кои даваат впечаток дека не се средени, а всушност се.
8. Експертите за уредување на домот имаат еден трик за да добијат „длабочина“ во просторијата – комбинација на цвеќе, светло и некој 3Д објект. На пример, нешто вака:
9. Бидете едноставни. Немојте да го натрупувате вашиот дом со премногу аксесоари. Доволен е еден впечатлив детаљ за вашиот уредно среден дом да добие една сосема нова димензија.
10. Мешајте ги боите и облиците за да добиете динамична фотографија која е притоа и забавна. Секако, овој спој на сѐ и сешто треба да има некоја поента за вашиот дом да изгледа стилско и модерно уреден.
11. И за крај, не претерувајте. Нека сѐ изгледа „нормално“, природно, топло и човечки. Ако го украсувате вашиот дом со цвеќе, нека тоа биде уредно и умерено, бидејќи никој не живее во градина. Ако домот го украсувате со овошје, нека тоа биде свежо, но и сезонско. Не морате да глумите луксуз, кој можеби го немате.
Исто така, ви предлагаме да ги дознаете тајните за уредување на домот кои можеме да ги „украдеме“ од среќните луѓе.

