Во добата на социјалните мрежи, сите сакаат домовите да им изгледаат фотогенично за да создадат прекрасни Инстаграм фотографии. Во продолжение следуваат триковите што ќе ви помогнат во оваа цел, а за фактот дека се успешни, имаме голема потврда од експертите за уредување на ентериерот.rnrn
rnrn1. Доколку сакате вашиот дом да изгледа совршено на секоја ваша наредна фотографија, водете сметка за секоја ситница што е во кадарот или во видното поле. Перниците би требало да бидат совршено наместени, а таа совршеност би можело да ја дефинирате како средено „под конец“ или „неуредно“ наредено. Истото важи и за обувките, а покривачите и сите ткаенини треба да бидат совршено наместени така што ниту еден детаљ или набор не би ја нарушил целата рамнотежа.rnrn
rnrn2. Природното осветлување е клучот за добро фотографирање на ентериерот. Заобиколете ги ламбите и сијалиците, бидејќи создаваат сенки и искористите ја максимално природната светлина. Отворете ги прозорите, тргнете ги завесите и фотографирајте рано наутро или доцна попладне кога светлината е најмека. Светлите простории се секогаш атрактивни за фотографирање.rnrn
rnrn3. Доколку имате некои посебни барања за фотографирање на ентериерот, подгответе го домот една вечер пред фотографирањето. Наутро повторно ќе можете да го погледнете секој детаљ и можеби ќе посакате нешто дополнително да измените.rnrn
rnrn4. Експертите за уредување на ентериерот сметаат дека едноставните простории се секогаш најдобри за фотографирање. Затоа, средете го вашиот дом до последен детаљ. Потоа, додајте некој детаљ што ќе му даде на просторот личен печат, а деталите кои секогаш се интересни на фотографијата се оние групираните, по висина, по големина. Интересно, зар не?rnrn
rnrn5. За слатка фотографија користете слатки украси. Слободно на масата ставете чинија со омилените слатки. И тоа дава еден свој личен печат.rnrn
rnrnПродолжете на следната страна за уште поголема инспирација и начини за уредување.rn
Подгответе се за фотографии со модерни позадини: 11 трикови како да го направите вашиот дом пофотогеничен
