Со само две и пол години работно искуство, 16-годишната шпанска фотографка Кристина Отеро навистина заслепува со нејзините автопортрети сликани одблизу.rnrn
rnrnУпотребувајќи го овошјето како главна инспирација во нејзината серија насловена „Tutti Frutti“, оваа млада девојка ја нарушува конвенционалната концепција за женската убавина и врши интересно уметничко влијание, употребувајќи го овошјето во заводнички перформанс пред камерата.rnrn
rnrnТаа ги вовлекува набљудувачите да погледнат во нејзините крупни, невини очи, додека истовремено колоритната шминка идеално се вклопува со бојата и структурата на овошјето.rnrn
rnrnОтеро има изјавено дека ѝ се допаѓа фотографирањето на човечкото лице, бидејќи како што вели:rnrn
„Тоа е како речник од емоции и идеи. Сѐ што сакаш од една личност, го имаш таму, нацртано по целото лице, кое е лесно да се дешифрира.“
rnrn
rnrnУпотребувајќи го сопственото лице како платно за цртање, Отеро креира освежувачки фотографии, кои се исклучително атрактивни за човечкото око. Овие автопортрети навистина имаат карактер.rnrn





rn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
