Кога би требало да издвоиме една домашна обврска која ја мразиме, веројатно повеќето жени би се сложиле дека тоа е пеглањето. Освен што одзема многу време, оваа прилично напорна активност бара и многу внимателност, прецизност и труд. Таман совршено сте го испеглале ракавот од кошулата по рабовите, ја поткревате и гледате дека се стуткала од другата страна. Звучи познато?rnrn
rnrnШто ако ви кажеме дека откривме спреј кој се подготвува од само 3 состојки кои веројатно веќе ги имате дома, со помош на кој вашата облека сама ќе се испегла? Не е лага!rnrnОвој магичен спреј навистина постои и делува. Еве го рецептот…rn
Потребни состојки:
rn
- rn 011
- 400 мл дестилирана вода
- 1 лажичка омекнувач за алишта
- 1 лажичка алкохолен оцет
- 1 празен распрскувач
rn 011
rn 011
rn 011
rn
rn
Начин на подготовка:
rnВо празен распрскувач налејте 400 милилитри дестилирана вода во која ќе додадете по една лажичка омекнувач и алкохолен оцет. Добро промешајте ја смесата и спрејот за пеглање е спремен за употреба.rn
Начин на употреба:
rnНапрскајте ги сувите маици или која било друга облека со спрејот. Порамнете ги ракавите, поставете ги на сушара и оставете ги да се подзасушат. Откако ќе се исушат, вашите „пеглани“ алишта се спремни за носење.rnrnКога сепак ќе морате да ја употребите пеглата, овие 5 трикови ќе ви помогнат лесно и брзо да ја исчистите.