Има ли некој кој не ужива во свежа храна и во интригантна уметност? Фотографот Карл Клејнер интересно ги искомбинирал овие две работи во неговата рекламна кампања за Икеа. Тој креирал скулптури од овошје и зеленчук и ги фотографирал на заднина со пастелна боја за повеќе да ги истакне. Дефинитивно вкусните човечиња на Карл поседуваат еден свеж квалитет во себе, кој ве тера да посакате да видите повеќе и евентуално да каснете малку од нив. Ви посакуваме пријатен оброк. 🙂
Можеби го паметите Карл Клејнер по кратките креативни видеа, изработени исто така за потребите на Икеа, преку кои ја покажува уметноста на готвењето.rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

