Сите знаеме дека боите многу влијаат на расположението. А тие се уште поважни кога станува збор за бојата на собите во кои живееме. Универзитетот во Минесота открил дека црвената боја го зголемува нивото на стрес, додека зелените и белите нијанси имаат спротивен ефект. Па сигурно не би сакале вашиот ентериер да биде во црвена боја, кога вие веќе сте под преголем стрес.rn
1. Лаванда
rnКралската виолетова е силна боја, но нејзината бледа нијанса има смирувачки ефект врз очите.rnrn
rn
2. Бледа сива
rnСветлата сива нијанса создава смирена и релаксирана околина. Додадете сини и бели елементи за да го пополните просторот.rnrn
rn
3. Ладно сина
rnСините „водени“ нијанси кои потсетуваат на синилото на небото или на водата се бои кои најмногу го намалуваат стресот. Според фенг шуи, сината има моќ да ја забави работата на срцето и да го намали крвниот притисок.rnrn
rn
4. Сиво-сина
rnСветлата до средна нијанса на сиво-сината е уште една од најрелаксирачките бои во спектарот.rnrn
rn
5. Аква
rnИзберете аква нијанса од посиниот дел на палетата за да го релаксирате просторот во којшто живеете.rnrn
rn
6. Бледо розова
rnРозовите прашливи и пастелни тонови ги одмараат очите.rnrn
rn
7. Беж
rnСтојте понастрана од топлите жолти и портокалови нијанси. Но затоа пак неутралната беж боја од потоплите нијанси е одличен алтернативен избор.rnrn
rn
8. Бледо зелена
rnПокрај сините, зелените бои со беж подтонови и жолто-зелените нијанси се одлични за намалување на стресот.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
